Што има денес на Светско првенство?

На Мундијалот нов ден и нови мега дуели за пласман во следна фаза каде има уште слободни места. Денес се играат натпревари од трето коло во групите Ц и Д.

Групната фаза ќе се затвора и во групите каде видовме многу голови досега.

Во групата Д прво од 16 часот ќе играат Тунис - Франција и Австралија - Данска.

Од оваа група Французите веќе обезбедија место во осминафинале и ќе играат за престиж и потврда на лидерската позиција. „Триколорите“ имаат шест бода. Австралија е втора на табела со три а Данска и Тунис имаат по еден бод.

Ова значи дека сите Австралија, Данска и Тунис ќе играат за пласман понатаму и дека сите опции се отворени.

Вечерва од 20:00 часот во група Ц ќе се сретнат Полска - Аргентина и Саудиска Арабија - Мексико. Пољаците неочекувано се први со четири бода, Аргентина и Саудиска Арабија имаат по три а Мексико е последен на табела со еден бод.

И тука е сè отворено. Гаучосите предводени од Меси мора да ја победат Полска за сигурно да одат понатаму, но има и солуции кога и нерешен исход им одговара поради подобра гол разлика од ривалите.

30 ноември 2022 - 10:30