Offside

Македонската ракометна репрезентација славеше во Прешов со 31-24 и се наоѓа на чекор до пласман број 10 на Светските првенства.

Екскурзија по стадионите на кои ќе се игра Светско првенство во Катар

Целата светска јавност полека се спрема за најголемиот спортски настан годинава - Светско првенство 2022 во фудбал кое ќе се игра во Катар.

Сите чудесни голови на најпотценетата 9-ка на свет

Триесет и пет годишниот француски шпиц Оливие Жиру често е во втор план и во сенка на тешкаши како Левандовски, Бензема, Лукаку... Ама човекот се надава толку многу голови и толку многу евроголови низ кариерата, што стварно е чудно како за него не се зборува повеќе.

Каде ќе живее Пандев, какви планови има со Академија Пандев и што би работел?

Смирен, спокоен, задоволен од тоа како помина, речиси блескав. Без зборови со отров за никого, само благодарности. Великанот се збогува со играње фудбал, а тоа го прави со лесно срце.

А сега одиме до бразилска фавела да видиме каков е амбиентот таму

„Почитувани гледачи, пред мечот од турнирот во мал фудбал на теренчето со вештачка трева, публиката громогласно ги поздрави играчите кои излегоа на загревање“. 

А го видовте ли детето на најжестоката трибина во Аргентина?

Навивач на Бока го носи својот син на трибината зад голот каде стојат најзагреаните навивачи на гигантот од Буенос Аирес. Пее детето не застанува.

Шевченко му ја предаде украинската капитенска лента на Левандовски за мундијалот во Катар

На стадионот Народови во Варшава се случи невообичаена средба на двајца фудбалски спајперисти, Андриј Шевченко и Роберт Левандовски. Ѕвездата на Барселона порача: Мора да се поддржат нациите кои се борат за слобода.

Топ 10 листа со најјаки потези на ЕП, Дончиќ ја украде првата позиција

Публиката во Германија, Италија, Грузија и Чешка, 18 дена уживаше во атрактивна кошарка од која ФИБА сигурно била на маки што попрво да издвои. Атракција до атракција, како НБА да гледаш.

Шишај ме како Роналдо, ама не како стариот

Дебелиот беше толку неверојатен со топка што беше права милина да се гледа. И толку многу го сакавме што како год да се ишишаше, сè ќе му беше простено. Ама така не мислат и новите генерации кои не го фатија.

Јувентус цели 25 години не бил вака бос на гостувања

Некогаш апсолутниот хегемон во италијанскиот фудбал, веќе некое време не може да се пронајде себеси, ниту на терен ниту горе во управа и спортски сектор. Нешто не штима кај „Старата дама“ а навивачите уште од старт на сезоната губат трпение.

Уникатната приказна за ФК Слободен, нов клуб создаден преку познанства од скопските маала

Дечките се веќе хит со самиот начин на кој одлучиле да му го дадат името на клубот, а уште го немаат одиграно ниту првиот официјален натпревар. Идејата доаѓа од Франција, прекрасните црвени дресови од Германија, тренерот е од ФК Вардар, а тимот ќе го најдете во Кисела Вода. На позицијата „админ на Твитер“ имаат голем и докажан играч.

Детето хит во Молдавија што се избори да стигне до Роналдо

Mанчестер Јунајтед со 0:2 го победи Шериф во Лига шампиони на стадионот Зимбру во градот Кишинев. Во Молдавија, како и во секоја земја кога доаѓа голем тим како Јунајтед јавноста беше на нозе. Стотици навивачи сакаа да се сликаат со Роналдо, ама само едно дете ја имаше таа среќа.

Ултрасите на Јуве: Бонучи никогаш не бил лидер и нема да биде ниту во Пиза, а не па во Јувентус

Јувентус бележи лош старт во новата сезона. Има серија од три меча без победа во Серија А и уште два порази во ЛШ. По срамот од Монца навивачите се бесни на гестот на капитенот Бонучи поради тоа што го одвел тимот на извинување под трибина.

Најјак кладилничарски муабет на сезоната

Богдан Богдановиќ од Атланта Хокс, еден од двајцата најдобри српски кошаркари во моментов, во кариерата играше за белградски Партизан и за Фенербахче каде стекна репутација на врвен кошаркар спремен за НБА. Негов роднина во еден српски подкаст раскажува луда анегдота.

Федерер откри кој му бил најтежок момент во кариерата

На 7 јули 2021-ва во 1/4 финале на Индијан Велс, Роџер Федерер играше против Полјакот Хурберт Хуркач. Помладиот тенисер ги доби првите два сета со 6:3, 7:6, а во третиот публиката гледаше само еден играч на теренот.

Нов метод на тренинзи кај Шпанците, со токи-воки

Шпанците се во многу незгодна група на Лига Нации, со Португалија, Чешка и Швајцарија. „Црвената фурија“ е прва со 8 бода пред Португалците со 7. До крајот, во последните две кола Шпанија ја пречекува Швајцарија и гостува кај Португалија. На еден од последните тренинзи селекторот Луис Енрике ја испробал новата метода на тренинзи со токи-воки.

Махериште на колото за 2,2 милиони денари

Океј, влогот не му е мал, ама оди фати 13 утакмици да те видам од кои 12 конечен тип. И тоа мешање парови од Финска до Америка. 36.000 евра им земал.

Алжирец го повтори атрактивниот гол на татко му постигнат во финале на ЛШ

Се работи за една подзаборавена петица која ретко се гледа во обичен натпревар, а не па во финале на ЛШ. Се случи во Виена 1987 каде Порто ја освои европскатата круна откако го доби Баерн со 2:1. Атракцијата е дело на Раба Маџер, а ја ископира син му Лотфи Маџер кој има 20 години и настапува за катартскиот тим Ал Духаил. Ќе ги видите и двата гола во видеото.

Редарот на Бетис е појак и од маскотата

И зголемете му ја дневницата, бидејќи никој друг не го одржува вака редот на стадион како него. 

Списокот на правила на Маскерано за младинците на Аргентина

Хавиер Маскерано е нецела година селектор на Аргентина У-20. И покрај тоа што ова му е прво тренерско искуство, тој веќе наметнува свој стил на работа и се обидува од дечките да направи саглам луѓе за во иднина.

Стручњакот за задржување време

Девет секунди, девет, кој ти ги дава во ситуација кога ти гори под нозе и едвај чекаш судијата да дувне крај во тоа свирчето.

Тик Ток будалаштина за Пеп со македонските девојки

Чувте ли за новиот фудбалски клуб ФК Слободен? Освежување на македонската фудбалска сцена за кое ви најавуваме детаљи за утре. Деби сезоната ја стартуваат викендов, а на Твитер веќе газат.

Пикси за врвните пофалби од Батистута: Мора да сте го опијаниле

Селекцијата на Србија се подготвува за септемвриските предизвици во Лига Европа против Шведска и Норвешка во Лига на нации. Селекторот Драган Стојковиќ доби прашање да ја искоментира изјавата на Габриел Батистута кој го спореди Пикси со Пеле, Марадона и Кројф.

Уште еден спектакл на навивачи во Аргентина

Во аргентинската втора лига, Белграно е апсолутен лидер со 77 бода после 33 натпревари и е на прагот да се врати во првата елитна дивизија. А како и не би биле лидери кога имаат вакви навивачи.