Крстевски соопштува дека компанијата му доживеала финансиски крах и дека веќе подолг период не е во можност да ги плаќа вработените во ФК Вардар.
Меѓу другото вели дека веќе неколку месеци е во преговори и бара решение со инвеститор од странство кој би го наследил клубот.
Крстевски го презеде Вардар летото 2021-ва од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој му го остави во долгови, но поради петмесечни процедури клубот е префрлен во неговата компанија во јануари минатата година.
„Почитувани, како сѐ уште актуелен сопственик на ФК Вардар чувствувам одговорност јавно да одговорам на писмото од играчите, стручниот штаб и навивачката група Комити. Иако тие се запознаени што се случува со мене и клубот во моментот, должен сум да одговорам и да ја запознаам јавноста. Јас клубот го превземав минатата сезона во лоша состојба, сите знаеме дека претходниот спонзор се откажа и дека во последен момент се појавив јас со мојата компанија да го превземам клубот, веројатно пред да згасне. Не сакам да барам изговори за мојот неуспех, но се сметам себеси за горд што како така успеав да го спасам најголемиот македонски бренд да преживее во најтешкиот период можеби од основањето.
Веќе неколку месеци сме во преговори и бараме решение со инвеститор од странство да го превземе раководењето на клубот, за тоа се запознаени стручниот штаб, кој патем присуствуваше на последниот состанок, така и играчите и навивачите. Она што сакам да потенцирам, јас пет месеци имав постапка да го превземам клубот, и само на чесен збор даден од претходниот сопственик финансирав без никаков документ додека клубот не биде префрлен на мојата компанија, што се случи на 20.01.2022. Компанијата која е заинтересирана за превземање на клубот, нормално, како во секоја европска земја, сака прво да ги среди сите потребни документи, па дури потоа да финансира во клубот, процес кој веројатно ќе потрае уште неколку недели.
Веќе подолг период не сум финансиски во можност да ги подмирам примањата на вработените во ФК Вардар, за жал мојата компанија претрпе големи загуби и доживеа финансиски крах. Периодов успевам да покријам дел од основните трошоци, колку сум во можност да може барем некако да функционираме како клуб. Голема благодарност за навивачката група која што помагаше периодот, како и до играчите и врботените што издржаа до сега, се тоа за Вардар, не за мене, тоа македонската јавност мора да го знае.
Јас останувам да помагам во клубот колку можам, продолжувам понатака во завршна фаза на преговори со новиот спонзор, за што директно ќе биде вклучен дел од стручниот штаб за да биде се транспарентно, но еве нека биде ова покана до нашите стопанственици, почитичари и државници да се вклучат во борбата за Вардар, нека размислат малку сите каков бренд имаме и во каква состојба е, јас стојам на располагање на секој оној дали како поединец или како државна институција сака да помогне, или да го превземе финансирањето и раководењето на Вардар, до тогаш продолжуваме со преговорите со новиот спонзор, за кој сметам дека ќе биде решение на долги стази за Вардар. Вардар ќе живее!!!“’, стои во соопштението на сопственикот на Вардар.
Играчите на Вардар сами се снаоѓаат за вода, ручек, превоз, перење на дресови