Македонија одигра слабо прво полувреме со многу проблеми во организацијата на играта од која не произлезе ниту еден удар во рамките на гол.
Средниот ред делуваше некако бавно, безидејно и со многу грешки во додавањата, а нафрлените топки не носеа никаква опасност пред голот на гостите.
Единствената шанса ја имаше Миовски на додавање на Алиоски, но ударот му беше избиен во корнер. За одбележување е и соло продорот на Елмас која ја изора како нива одбраната, но не го издржа налетот до крај.
Малта речиси и да не се доближи до голот на Димитриевски, освен во судиското надополнување кога Гиламуиер можеше да го отвори резултатот, но Зајков го спречи во обидот.
По мачната игра во првиот дел без жар, селекторот Милевски во 58 минута направи двојна измена и на местото на Трајковски и Велковски во игра ги внесе Несторовски и Чулинов.
Во 66 минута од мечот, Елиф Елиф како да го истури бесот и со силен удар од работ на шеснаесетникот го матираше гостинскиот голман. Му ја спушти Миовски со глава.
Шест минути подоцна Чурлинов школски и многу лесно го мрдна својот чувар еден на еден за брз втор гол на мечот.
Пред да ги постигне двата гола, Македонија доби пенал кој потоа судијата го поништи со ВАР, кој инаку за прв пат се користи на Градски на меч на кој игра репрезентацијата.
На четири минути до крајот на средбата гостите со голот на Јаник го ублажија поразот.
Следниот квалификациски дуел, нашите фудбалерите го играат на 10 јуни против Украина во Скопје.