Голот на голман од Чиле од преку 100 метри влегува во Гинис

Аргентинскиот голман Леандро Рекена постигна погодок од огромна далечина во триумфот на неговиот Кобрезал од 3-1 над Коло Коло во чилеанската лига. Во 77’ минута од мечот додека неговиот сострав водел 2-0, Рекена распалил од своето поле и го совладал колегата Брајан Кортез на другата страна.

Според ТНТ Спортс Чиле, голот бил постигнат од далечина од 101 метар со што ќе влезе во Гинисовата Книга на рекорди како гол од најголема далечина во историјата.

Претходниот, досегашен рекорд го држел Том Кинг од Англија кој на дуелот меѓу Њупорт Каунтри и Челтнам Таун во четврта лига дал гол од 96,01 метар и беше светски рекордер.

„Го прашав тренерот Хуан Силва дали барањето за внесување во книгата на рекорди навистина ќе биде пратено и ми рече очигледно да, така што сега чекаме да видиме што треба за да се потврди точното растојание. Силва ми кажа дека чилеанската фудбалска федерација (АНФП) го побарала да ги проверат мерките на теренот кој што е 150 и нешто метри.

Ако е така, со оглед на тоа што голманското поле е пет метри, логично е голот да е од растојание поголемо од сто метри. Вистината е дека сум среќен со сево ова, повеќе од што било лично, но исто и за институцијата, за чилеанскиот фудбал. Да се влезе во историјата со ваков настан ме прави среќен“, рекол голманот Рекена после мечот за Радио Био Био.

Тој додал уште и дека високата и тешка надморска висина на стадионот на Кобресал (над 2.400 мндв) можеби играла улога во голот.

„Сакав што побрзо да изведам како што правиме обично на таа висина, да се обидам да го фатам голманот надвор од голот и испадна посилен шут од вообичаено. Првата работа што ја направив откако шутнав се фатив за глава зошто имавме двајца сами играчи за чиста контра ама топката одеше подалеку. Кога видов дека отскокот му отежна работа на Брајан (голманот на Коло Коло) и го помина, помислив дека топката може да влезе во гол“.

Остај ти 40 метри или пола терен, Голман во Чиле даде гол од 100 метри

23 март 2023 - 09:18