За Јокиќ на полувреме во НБА се заигра оро

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја остварија 49-та победа сезонава откако синоќа со 118-104 го совладаа Вашингтон Визардс. Никола Јокиќ постигна 31 поени со 12 скока и 7 асистенции, а одлични во триумфот беа уште и Мајкл Портер Џуниорс со 21 поен и 7 скока, и Џамал Мареј со 17 поени, 6 скока и 8 асистенции. На полувремето од мечот во Вашингтон, тамошно српско културно уметничко друштво организирало традиционално оро за Јокиќ и за српската дијаспора која дошла да го гледа во салата на Визардс.

 

23 март 2023 - 15:09