УЕФА отвора истрага за случајот Барселона и потплатени судии

По пишувањето на RMC Sport, се огласи и новинарот Фабрицио Романо кој важи за човек кој секогаш поседува доверливи информации. Инспектори на УЕФА по етика и дисциплина ќе спроведат истрага за евентуално кршење на правата од страна на Барселона во рамки на случајот „Негреира“.

Од шпански терен, истрагата за случајот „Негреира“ се префрла кај УЕФА која согласно правилникот не дозволува клуботи да користат никакви незаконски методи за да влијаат врз резултати на натпреварите како на национално ниво така и на меѓународен план.

Во согласност со ова правило, на Барселона, пишува RMC Sport и се заканува исклучување од еврокуповите следната сезона. Доколку истрагата доведе до резултати секако.

Според Марка, европската фудбалска унија смета дека има доволно аргументи за потенцијално кршење на правилникот. Затоа УЕФА отвора истрага.

Во Шпанија веќе неколку недели трае сериозна афера откако се овистинија наодите дека управите на Барселона предводени од поранешните претседатели на клубот, Бартомеу и Сандро Росел уплаќале милионски суми на фирми кои се воделе на име на во тоа време потпретседателот на судиската техничка комисија во шпанскиот фудбал, Енрикез Негреире.

Трансакции имало од 2001-ва година, а обвинителството во Шпанија ги разгледува сумите кои потпретседателот на судиската техничка комисија при шпанската фудбалска лига ги добивал од 2014 до 2018. Имало и траснфери на средства на сметки на фирма која се води на неговиот син, Енрикез Ромеро.

Истрагата досега покажала дека Барселона на сметка на фирмите на Негреира уплатила 7,3 милиони евра од 2001 до 2018-та година, а некои шпански медиуми веќе почнаа да пишуваат и пикантерии за тоа кои судии што добивале на подарок од потпретседателот на судиската техничка комисија кој не бил овластен да делегира кој судија кој меч ќе го суди, но поседувал влијание и моќ во времето додека бил на должност.

Барса наводно плаќала со цел на уплата: „технички видео консултации“ од фирмите, но истрагата ги смета истите за фиктивни.

Самиот Негреира признал дека му се уплаќани средства, но судот проценил дека тој не може да сведочи поради тоа што боледува од Алцхајмер.

23 март 2023 - 14:30