Јака анегдота од раната младост на Златан Ибрахимовиќ

Легендарниот центарфор минатиот викенд влезе во историјата како највозрасен стрелец на гол во италијанското првенство. Ибра тешко дека некој скоро ќе го тргне од таа вечна листа, а во меѓувреме излезе и интересна ангедота (којзнае која по ред) од неговата младост.

Општо е познато дека Златан почна во Малме каде што е роден и каде што растел. Во овој клуб го најавил својот раскошен талент кој наскоро бил снимен од богатиот и трофеен Ајакс кој подоцна му го трасираше патот до ѕвездите.

Ибра еднаш во младоста, на свои 15 години потпишал договор со Малме. Во младинските категории бил толку доминантен што набрзо тренерите без никаква дискусија го префрлиле во прв тим.

Дебитирал на 19 септември 1999-та на 17 години против Халмшдат, а првиот гол го дал на 30 октомври 1999-та против Вастра Фролунда.

На Малме не му одело добро во првата негова сениорска сезона и испаднал во втора лига но набрзо со погодоците на Златан се вратиле во елитата. Ибрахимовиќ одиграл 47 меча а кога давал гол или повеќе голови Малме остварил 13 победи со 6 нерешени без ниеден пораз.

Законите во Шведска, а и во другите земји налагале малолетен фудбалер да нема можност да потпише професионален договор, туку поинаков вид договор. Поради ова парите и бонусите оделе на сметка на родителите на Златан зошто тој бил млад да прима плата.

Поради ова Ибра се нервирал и неколку пати бил лут. Напишал писмено барање до шведската лига со барање платата од Малме да ја префрлаат кај него а не кај родителите, но пак го одбиле поради законот.

Тогаш Ибра, каков што е ден-денес, искрено луд и отворен напишал ново писмо во кое барал да им се одземат сите 3 бода на Малме кој ги освоил со негови голови.

„Јас сум уште млад да станам најдобар стрелец и да освојам шампионска титула со Малме по закон, затоа не им ги давајте моите 3 бода додека не станам доволно возрасен“.

Следниот ден целата сума му ја платиле лично нему.

*************************************************************

Ибрахимовиќ даде гол и испиша историја

22 март 2023 - 12:20