Ветеранот после долги месеци тргна како стартер наместо казнетиот Жиру, и тоа како капитен, изведе пенал во 45+1' минута но голманот на Удинезе му го одбрани.
После прегледување ВАР, судијата виде дека домашниот играч Бето пред време втрчал во шеснаесетникот па го повтори. Златан погоди од вторпат и стана најстариот стрелец на гол во историјата на италијанскиот фудбал.
По големите протести на домашните играчи и клупата, исклучен беше тренерот на Удинезе Сотил, а во последните неколку секунди од првиот дел домаќинот повторно поведе, 2-1 со голот на Бразилецот Бето кој беше крив за повторениот пенал за Милан.
Ибра влезе во вечноста со погодок на 41 година и 166 дена со што надмина уште една легенда на Милан, Алесандро Костакурта кој во 2007-ма даде гол на 41 година и 25 дена.
Подвигот на Златан е до толку поголем што тој паузираше речиси една година поради незгодна повреда и неколку оперативни зафати. Во меѓувреме доби повик и од селекторот на Шведска Јане Андерсон за претстојните средби од квалификациите за Евро 2024.
1 - Zlatan Ibrahimovic is the oldest goalscorer in the Serie A history (41 years and 166 days), overtaking Alessandro Costacurta (41 years and 25 days, in May 2007). Historical.#UdineseMilan pic.twitter.com/kXfx6yhJLy
— OptaPaolo (@OptaPaolo) March 18, 2023