Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

За прием на гради па волеј треба сите да учат од Макси Родригез

Розарио викендов беше домаќин на проштален натпревар во чест на легендарниот Макси Родригез на кој му дојде јака банда предводена од Меси и Батистута. Ако треба да му го ископаме највпечатливиот гол од кариерата, одиме на Мундијалот во Германија 2006 на мечот Аргентина - Мексико. Да, прејако го изведе ова.

Дивеење на мал фудбал во Радовиш

Салата 25 мај во Радовиш беше домаќин на традиционален турнир во мал фудбал по повод празникот Курбан Бајрам. Ама годинава нешто слабо ја истерале традицијата. Колегите од Спорт1 објавија видео на кое не се знае кој јаде, кој плаќа.

Лука Модриќ и Реал Мадрид - бетон соработка со взаемен респект

Кога можеби некој ќе помисли дека се повлекува или оди да нанижи уште некој милион некаде надвор од рамките на Европа, ете ти вест која демонстрира лојалност, припадност и чувство за исправен потег.

Го прашаа Виктор дали би го добил Мајкл Џордан еден на еден на 60 години

19 годишниот Виктор Вембанјама (226 см) против 60 годишниот Мајкл Џордан (198 см). Првиот пик на драфтот за 2023-ра смета дека искуството нема шанси со младоста.

Дриблинг на Кварацхелија кој не знаеме како да го објасниме

Иако се поминати неколку дена од евроквалификациите, не смееме да не се навратиме и да не му отстапиме простор на едно вакво чудесно ремек дело на Грузиецот кој блесна во Наполи. Магијава се случува против Кипар, љубителите на видео играта ФИФА ја викаат „Drag-Back“, а првиот коментар на Твитер гласи вака: 10 пати го гледав клипов, убеден сум дека има магнет.

Подранил за дебито на Меси едно 26 дена

Камерите на мечот Филаделфија Унион - Интер Мајами го фатија најјакиот кадар на трибините кој ќе беше штета да остане незабележан. Фан на Меси патувал 1.200 милји или скоро 2.000 км за да го гледа во живо својот идол, ама очигледно момчево не користи интернет. Промоцијата на Аргентинецот е најавена за 16 јули, а дебито за 21-ви. Лео е на одмор младичу.

За Онана и Ангиса сезоната не е завршена, играат фудбал во кал

Едниот како голман на Интер имаше долга сезона сè до 10 јуни кога учествуваше во финалето од ЛШ, а другиот со Елмас ја славеше титулата во Серија А. И двајцата Камерунци на свој начин се релаксираат за време на одморот.

Судијата на мечот Њуелс Олд Бојс - Аргентина ја украде топката и направи шоу

Голем спектакл падна на прошталниот натпревар на Макси Рогригез на кој Меси постигна хет-трик, а во филм влезе и судијата. Контра фати да влече царот, ама го кутнаа на земја, па извади жолт картон за Банега, ама преку Макси одеше санкцијата. Циркузи.

Спарси побајаги откачиле по првиот пик на драфтот

Виктор Вембанјама вчера пристигна во Сан Антонио како ново големо засилување и прв пик на драфтот за 2023-та. Се работи за многу талентирано момче кое има само 19 години, а е висок 226 см. За него се крена огромна фама, ама не знаевме дека до толкава мера одлепиле во Тексас.

Аргентинска фешта со 12 гола, хет-трик на Меси и погодок на Батистута

42 годишниот Макси Родригез одигра проштален натпревар кој мина спектакуларно во клупската средина каде ја почна и ја заврши кариерата. Ѕвезда на вечерта беше Лео Меси.

Пандев: Вратата во Академија Пандев е отворена за сите деца, желба е да стигнеме до младинската ЛШ

Горан Пандев не се повлекува од својата академија, туку напротив осумчлениот борд на директори во Њујорк одлучил токму тој да биде претседател. Најавува многу новитети меѓу кои тренери од Италија, како и фокус на работа со младите.

„Сака некој на баскет?“, 12 години подоцна

Двократниот МВП на сезоната во НБА и МВП во годинашниот плејоф, како и шампион со Денвер, не е на Бали или Малдини, туку одмара во родниот Сомбор каде ги собрал на баскет другарчињата од маало. Мангупиште.

Еуфорија во Тексас, Спарси на 40 степени го пречекаа Вембанјама

19 годишната француска сензација слета во Сан Антонио како прв пик на драфтот за 2023-та, а со негово доаѓање очекувањата во таборот на Спарси се големи. Го сметаат за наследник на Тим Данкан и суперталент кој може да испише нова историја за клубот.

Најјаките 4 гола во евроквалификациите

21 годишниот Кристјан Аслани од Интер го има голот на колото во јунските квалификации за ЕП 2024. Втората позиција е за неговиот врсник од Арсенал, Бакајо Сака кој го торпедираше Столе Димитриевски.

Како помина НБА драфтот?

По пауза од 26 години Сан Антонио Спарс за прв пат бираа први, а изборот очекувано падна на долго најавуваната сензација Виктор Вембанјама, кој има само 19 години и е висок 223 см.

Жељко му даде воспитна на навивач и го набрка од терен

Со Обрадовиќ никогаш не знаеш на што си, па макар се работи и за постар господин кој од радост на душата за титулата на Партизан, ќе тргне да се гушка со играчите и стручниот штаб. Цвикерите ќе му ги искршеше од бес.

Прославата на Гробари и пресот на кој играчите го истушираа Обрадовиќ

Кошаркарите на Партизан ја добија мајсторката против вечниот ривал Црвена Ѕвезда и со 3:2 станаа шампиони во АБА лигата после пауза од 10 години. Лудница беше во Штарк арената, како што е впрочем цела сезона на нивните натпревари, а Жељко го направија потоп. Инаку Партизан сега е најтрофеен во регионалната лига со седум трофеи. Ѕвезда има шест.

Фер плеј на годината

На Европското првенство во атлетика во Полска, на трката на 5.000 метри на која учестуваше и нашиот Дарио Ивановски, условите не беа баш идеални. Со високите температури не можеше да се носи Словонецот Вид Ботолин кој колабираше на крајот од трката. Хрватот Дино Бошњак ја жртвуваше својата позиција за да му помогне и на крајот заедно ја минаа целта.

Фантастична компилација на потези од Ненад Димитријевиќ

Позајмицата од Валенсија во Уникс Казан, на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ му ја донесе сезоната на кариерата. Ја заврши со 47 настапи од кои на 46 беше стартер, со просек од 15,8 поени, 5,3 скока, 3,2 асистенции, 1,2 украдени топки. Ја освои титулата во рускиот шампионат, прва и за него и за клубот и згора на сè беше прогласен за МВП на плејофот. ВТА лигата му посвети топ видео.

Eвропски златен медал во скок во далечина за Андреас Трајковски

На Европското првенство во Силесиа, Полска, нашиот атлетичар Андреас Трајковски, го освои првото место во скок во далечина со скок од 7.73 метри.

Поранешниот селектор Игор Ангеловски го тужи ФФМ

По непријателското збогување со фудбалската федерација, некогашниот селектор Ангеловски решил по правен пат да ја побара премијата која му следуваше за историскиот пласман на Евро 2020.

Голем пречек за европскиот шампион Магдебург

Градот Магдебург кој има околу 200.000 жители, ги пречека новите европски шампиони кои изминатиот викенд на големиот Фајнал Фор прво ја совладаа Барселона во полуфинале на пенали, а после и полски Киелце во финалето. Ова беше четврта евро титула за германскиот бундеслигаш чии играчи со отворен играч продефилирале низ центарот на градот.

Сенегал го растури Бразил, Мане даде еврогол

На стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон, на пријателски меч африканската селекција му одржа час по фудбал на силниот Бразил за кој играа речиси сите првотимци освен Нејмар. Тука беа Ришарлисон, Винисиус, Пакета, Гимараеш, Маркињос, Милитао, Едерсон. Сенегал славеше 2-3 со два гола на Мане од кои едниот беше прав еврогол.