Пеп Гвардиола доаѓа на стадион каде не дал ниеден гол и не освоил ниеден бод

Трофејниот Пеп Гвардиола има победено толку екипи и неговите тимови се изнадавале толку голови што практично некој би рекол дека не е можно да има место каде што играл а не освоил бод. Ама има.

Во петок вечер во големо дерби од 4. рунда на ФА Куп ќе играат Тотенхем Хотспур и Манчестер Сити. Новиот, ултра модерен и чудесен стадион на Тотенхем во Лондон е најпроклето место за Гвардиола откако е тренер на Сити.

На пет меча Пеп таму има: 0 голови, 0 победи, 0 бодови. Пет порази по ред!

Пред Манчестер Сити да ја освои историската „триплета“ минатата сезона кога доминантно стигнаа до три пехари, го прашале Гвардиола што му е цел во новата сезона. Одговорил: „Да дадеме гол и победиме на стадионот на Тотенхем“. Во шега вели Пеп и дека тоа е главна причина што останал во Англија.

После поразот од Тотенхем во 2021-ва Пеп не можел да изнајде зборови за да ја објасни загатката: „Да, они секогаш одлично се бранат против нас, како по правило девет нивни играч се зад топката. Да се скрши таква екипа е тешко, но секако покажавме добра игра. Во тоа е и проблемот. На тој стадион секогаш играме добро, но од некоја причина не можеме ни да дадеме гол ни да победиме“.

Сити доминира често на сите гостувања против Топ-5 ривалите (Јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотенхем) но никогаш не може да ги скроти Спарси во Лондон.

Но слично е и со дуелите на нивниот стадион „Етихад“ во Манчестер каде Сити неретко знае да изгуби бодови од Тотенхем и не е баш така надмоќен. 

КОРЕЕЦОТ СОН УЖИВА ДА ИГРА СО СИТИ

Капитенот на репрезентацијата на Јужна Кореја е на Купот на Азија периодов и нема да настапи за Тотенхем вечерва против Манчестер Сити. Тоа можеби е олеснителна околност за Пеп Гвардиола затоа што Сон на домашните мечеви со „граѓаните“ на новиот стадион има четири гола.

Можеби дополнителна мотивација за Кореецот беа зборовите на Гвардиола кој кога зборуваше за тогашниот конкурент за титулата Тотенхем го нарече „тимот на Хари Кејн“.

После голот против Сити во лудото четвртфинале на Лига на шампиони во 2019-та Сон во камерата урлаше: „Знаеш ли кој сум јас?“ и многумина го поврзале тоа како порака до Пеп кој подоцна во шега изјави дека извлекол поука и дека веќе нема да ја повтори грешката.

А што е поинтересно Сон ги тормози „граѓаните“ и без помш на Хари Кејн кој необично редовно ги пропушташе натпреварите со Сити, понекогаш поради повреда, понекогаш поради суспензија. Сон дал три гола баш на натпревари кога немал помош од големиот Кејн.

Добар учинок против Сити на Гвардиола на новиот стадион на Тотенхем имаат и Конте и Мурињо кои го победувале. Пеп како да нема рецепт како да го освои овој терен.

„Кога игравме со Тотенхем на гости, сите викаа дека сум сменил тактика, дека сум бил сам свој, дека не сум напаѓал. Но ако игравме со нив на отворен манир, ќе изгубевме со три-четири гола. Не сакаме да го смениме нашиот пристап на секое гостување, секогаш стремиме да играме своја игра, но некогаш е нужно да се внесат промени. Особено кога ни претстои таков противник“.

26 јануари 2024 - 14:20