45 поени на Дончиќ и нова лудорија и тоа од своја половина

Само два дена откако ја торпедираше Атланта Хокс со страшни 73 поени, Лука Дончиќ го попари Орландо Меџик со нови 45 поени.

Далас Маверикс славеше тесно со 131:129 против Орландо и тоа после кам бек од -16 со кој се соочија во првото полувреме.

Гостите немаа лек за расположеното дуо Дончиќ - Хардевеј кои заедно запишаа 81 поен.

Тим Хардевеј Џуниор постигна 36 поени, а Лука Дончиќ блесна со 45 поени, 15 асистенции и 9 скока.

Словенецот запиша нова историја во НБА лига со учинок од најмалку 45 поени и 15 асистенции, остварен во два меча. Само на петмина во историјата тоа им успеало еднаш.

Инаку Дончиќ со звукот на сирената постигна луда тројка од своја половина, но кошот не му беше признат, бидејќи за влакно задоцни.

Животен натпревар на Лука Дончиќ - растури со 73 поени! 

30 јануари 2024 - 08:34