Животен натпревар на Лука Дончиќ - растури со 73 поени!

Неверојатниот Лука Дончиќ ја одигра најдобрата партија во својата кариера откако во триумфот на неговиот Далас Маверикс против Атланта Хокс 148:143 постигна страшни 73 поени!

Лидерот на Далас Маверикс и суперѕвезда во НБА блескаше на паркетот со 73 поени, 10 скока и 7 асистенции. Уфрли дури осум тројки а од игра имаше импресивни 25/33 за два.

Лука е првиот играч кој постигнал најмногу поени на еден меч уште од легендарниот Коби Брајант и неговата луда партија кога забележа 81 поен и стана втор на вечната листа најдобри поентери.

Нема зборови со кои може да се опише она што го направи Лука Дончиќ на мечот со Хокс во „Стејт Фарм Арена“. Тој уште во првиот дел од мечот имаше 41 поен зад своето име а на крај стигна до 73 поени за вкупно 45 минути!

Словенечкиот ас на овој начин стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал 73 или повеќе поени а воопшто прв со најмалку 70 поени при 75% шут од игра.

Дончиќ стана четврт играч на вечната листа најдобри поентери во НБА историјата, пред него се само Вилт Чембрлен (100 поени и 78 поени кога временски подолго се играле натпреварите но немало три поени) и Коби Брајант (81 поен).

Од друга страна кај Атланта Хокс на овој историски меч Србинот Богдан Богдановиќ уфрли 24 поени со 9/22 од игра, Џајлен Џонсон погоди 25 поени а Треј Јанг 30 поени и 11 асистенции кај домашните.

Далас Маверикс до триумф го носеа уште и Џош Грин со 21 поен, Тим Хардавеј со 13 поени и Данте Егзум со 9 поени.

27 јануари 2024 - 08:33