
Јирген Клоп седна на клупата на Ливерпул во октомври 2015-та а договорот му важи до 2026-та. Германскиот тренер ги врати црвените на старите патеки на успехот, освои Лига на шампиони во 2019-та и во 2020-та стана шампион во Премиер лига што беше прва титула за Ливерпул после цели 30 години.
Освоија црвените со Клоп уште и УЕФА Суперкуп, Светско клупско првенство и играа во финале на Лига Европа.
„Му кажав на клубот уште во ноември. Можам да разберам дека е шок за многу луѓе во моментов, кога ќе слушнеш такво нешто за првпат, но можам да го објаснам. Сакам сè што е околу клубот, сè во градот, ги сакам навивачите, тимот, го сакам стручниот штаб. Но некако немам енергија“, вели 56-годишниот тренер за кого сега сигурно ќе има огромен интерес од најголемите клубови.
A message to Liverpool supporters from Jürgen Klopp. pic.twitter.com/l7rtmxgOzt
— Liverpool FC (@LFC) January 26, 2024
Ливерпул ги освои трофеите што навивачите ги сонуваа долго време, особено оној во Премиер лига на кого генерации чекаа цели три децении. Се радуваа и на фантастичен успех во Лига на шампиони.
Сезонава Ливерпул е во активна трка за дури четири пехари: ќе игра финале на Лига Куп, во 1/8 финале на Лига Европа.
Јирген Клоп е единствениот тренер во историјата на Ливерпул што освоил шампионска титула во Премиер лига, Лига на шампиони, ФА Куп и Лига Куп.
Jürgen Klopp is the only manager in Liverpool’s history to win the top-flight league title, the European Cup / UEFA Champions League, the EFL Cup and the FA Cup.
— Squawka (@Squawka) January 26, 2024
Completed it. 🍻 pic.twitter.com/U1PT0rSlEv
„За мене е супер, супер, супер важно што помогнав тимот да се врати на патеките на успехот. Само на тоа мислев“, вели Клоп меѓу другото.
И неговите помошни тренери Пепијн Лијндерс и Питер Кравиц како и тренерот за развој Витор Матос исто ќе го напуштат клубот заедно со Клоп.
Ливерпул во недела ќе игра за пласман во 1/8 финале во ФА Куп а противник ќе им биде Норич на „Енфилд Роуд“.
Претседателот на компанијата која има акции во Ливерпул од 2001-ва, Fenway Sports Group Мајк Гордон вели дека поставувањето на Клоп за тренер било едно од најголемите благослови во нивното управување со клубот и дека во исто време во целост ги почитуваат неговите желби и причините зошто одлучил дека оваа сезона му е последна на клупата на Ливерпул.