
На овогодинешниот Куп на Африкански нации имаше сè: од драматични пресврти до луди голови во судиско продолжение. Најголемо изненадување направи репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја која со 0:4 го совлада домаќинот и фаворит за финале Брегот на Слонова Коска.
После овој дебкл селекторот на домаќинот, францускиот тренер Жан-Луи Гасе добил шут-карта од федерацијата на Брег на Слонова Коска а селекцијата имаше среќа па им се погодија резултатите на другите натпревари и отидоа понатаму како најдобра третопласирана во групата.
Како привремен в.д. селектор до крајот на турнирот е назначен некогашниот фудбалер на оваа репрезентација Емерс Фаре.
Во меѓувреме од Купот на Африка испаднаа Алжир и Гана и тоа е голема сензација на турнирот.
Секако и овој собир во Африка поминува во знак на прекрасниот колорит: