После 539 минути и пет меча, Сити даде гол на новиот стадион на Тотенхем

Дваесет и осум годишниот холандски репрезентативец Натан Аке е стрелец на првиот гол за шампионот Манчестер Сити на новиот стадион на Тотенхем Хотспур. „Граѓаните“ дури пет пат играа на овој стадион и претрпеа пет порази по ред без ниту еден постигнат гол. Синоќа во 4. рунда од ФА Купот Пеп Гвардиола и неговите конечно го скршија малерот, постигнаа гол и славеа 0-1 со што се оствари желбата на Пеп конечно да победи таму кај Спарс на гости.

 

Претходно Манчестер Сити губеше од Тотенхем во Лондон на новиот стадион пет пати:

9 април 2019-та, Тотенхем - Сити 1:0
2 февруари 2020-та, Тотенхем - Сити 2:0
21 ноември 2020-та, Тотенхем - Сити 2:0
15 август 2021-ва, Тотенхем - Сити 1:0
5 февруари 2023-та, Тотенхем - Сити 1:0 

27 јануари 2024 - 09:43