Победа на Светскиот куп во Кортина д’Ампецо забележа Австријката Штефани Фенир пред Швајцарката Лара Гут-Бехрами а третото место го делат три скијачки со ист заостаток од 0,71 секунда зад победничката. Тоа се Валери Грение од Канада, Кристина Агер од Австрија и Софија Гоџа од Италија.
Во генералниот пласман прва е Гоџа со 290 бодови, Фенир има 216 а Лара Гут-Бехрами 164. Во вкупниот пласман на Светскиот куп Микаела Шифрин е прва со 1.209 бода, Лара Гут-Бехрами е втора со 869 бода а Петра Влхова од Словачка има 802. Трките во Кортина продолжуваат викендов, спуст се вози во сабота а во недела атрактивниот супервелеслалом.