Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Израелска амбасада го вовлекува и Ѓоковиќ во конфликтот

Страшниот воен судир меѓу Израел и Палестина и натаму трае, а двете страни на секој начин се обидуваат да ја добијат меѓународната поддршка. Израелска амбасада во Белград преку еден апел во кое се споменува млад тенисер, бара директно од Новак Ѓоковиќ да ги поддржи.

А го видовте ли Бугаринот кој влезе на 47 години само за да брани пенал?

Кога ќе се праша човек кој е најстар голман, нормално на прва ти доаѓа Џиџи Буфон. Ама Џиџи летово се повлече на „само“ 45 години. Во Бугарија има една друга, уште подолговечна голманска приказна. За момент типот беше и херој.

Дете локал-патриот од Торино што стана хит

Мангупот се спремал за ова. Пред секој натпревар децата кои излегуваат на терен додека се држат за рака со познатите фудбалери, често се воодушевени од ѕвездите. Но едно дете од Торино пред мечот со Интер, под дресот на гостите, си го облекол саканиот дрес на „биковите“ и едвај чекаше камерата да дојде до него.

Дриблинг на викендот

Астон Вила направи силен состав пред почетокот на сезонава и со врвниот тренер Унаи Емери веќе имаат 6 победи во Премиер лига и се на високо 5. место после 9 кола. Во саботата со 4-1 го растурија Вест Хем. Меѓу бројните потези се издвои и оној на Бразилецот Лукас Пакета од гостинскиот тим кој го избезуми Ѕаниоло со еден дриблинг.

Босански кошаркарски дриблинг, досега невиден на планетава

Не е оваа младински натпревар, ниту некоја маалска собиранка, туку прволигашки натпревар во БиХ меѓу екипите на Орловиќ и Босна. Домаќините го добија мечот, а го имаат и потегот на годината кој го смисли Анес Подојак. Неверојатно.

Паролата во Битола околу која се крена голема врева

Битола е најракометен епицентар во земјава. Никаде овој спорт не се сака како што се сака во градот на конзулите. Доказ за тоа се шареноликите трибини на кои ќе видите возрасти од 5 до 75 години. Сите обединети околу Пелистер. Но кога се игра вечното дерби со Вардар работите излегуваат од контрола.

Мега го сруши Партизан со автокош

Белградски Партизан има слаб почеток на сезоната, па откако претрпе три порази во Евролига од Макаби Тел Авив, Барселона и Олимпијакос, во понеделникот вечер го доживеа и првиот пораз во регионалната лига. Подобар од нив беше младиот тим на КК Мега кој славеше откако кошаркарот на Партизан Урош Трифуновиќ сам си даде автокош во последна секунда.

Прв хет-трик на Митровиќ и тоа запечатен со акробација

Ал Хилал го суреди Мумбај Сити во Азиската ЛШ со 6:0, а првиот хет-трик за новиот клуб го оствари Александар Митровиќ, кој третиот гол го постигна со ножички. Гол даде и Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Парада на Столе од пенал во стилот на Толдо

Рајо Ваљекано славеше 0:1 на гостувањето против Лас Палмас со голот на Бебе во 91-ва минута. Голем дел од заслугите за триумфот одат кај Димитриевски кој на својот јубилеен 100-ти настап во Ла Лига одбрани пенал.

Чкембари на Столе му дадоа линекс, царот го прифати

Само кај нас паѓаат вакви заебанции меѓу најголемите ривали. Од една страна имаш инвентивни навивачи, од другата човек без комплекси.

19 годишник му даде лудорија од гол на Монако

Монако славеше 2:1 против Мец во 9. коло од Лига 1, а првиот гол на средбата го дадоа гостите преку младиот Ламиен Камара, кој импресионираше со страшен лоб од преку 50 метри.

17-годишник влезе од клупа и донесе триумф за Барселона

Во дербито на колото на шпанска Ла Лига меѓу Барселона и Атлетик Билбао, гостите оддолеваа до 80' минута кога од клупата за резерви влезе 17-годишниот Марк Гиу кој дебитираше за Бара и после само 35 секунди ги постигна победничкиот гол.

Легендарниот Сер Боби Чарлтон замина во вечноста

Легендарниот Сер Боби Чарлтон, најголема клупска легенда на Манчестер Јунајтед почина на 86 години. Навивачите, играчите, управата и речиси целиот фудбалски свет се простува со Чарлтон.

Ти да видиш во Полска четврта лига како глумат

Па овој се има надминато себе си и сите други кои се обидуваат да ја сквернават убавата фудбалска игра со непотребни театралности, во време кога се поставени камери во секој агол на стадион. Нереално е ова што го направи.

Махачев за само три минути го совлада Волкановски

Дагестанецот кој се бори под руско знаме Ислам Махачев е победник на најатрактивната борба во склоп на УФЦ 294 во Абу Даби откако после само 180 секунди го реши Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски.

Пусти Ерик

Видеото се гледа до крај за да сфатите за кој Ерик станува збор.

После 19 сезони и 4 шампионски титули, Игудала се повлекува од кошарката

Четирикратниот НБА шампион Андре Игудала ја заврши професионалната играчка кариера. Тој важеше за човек-титула односно играч за кого јавноста веруваше дека како адут од клупата го пресудува секое голем финале.

Секој голман башка будала

Ако мислевте дека оној аргентинскиот голман Емилијано Мартинез што правеше будалаштини на Светско првенство 2022 е дилајла, чекај да го видите неговиот двојник. Исто Аргентинец, има 37 години, се вика Нуел Гузман и брани во мексиканската Лига МХ за тимот Тигрес УАНЛ.

Како Буфон ги мотивира Италијанците

Во групата Ц од квалификациите за Европско првенство 2024, Македонија до крајот ја очекуваат најтешките дуели: со Италија на гости во Рим и со Англија во Скопје. Нашите веќе скоро и да немаат шанси за пласман, а за второто место ќе се борат Украина и Италија. Аѕурите ја пречекуваат Македонија а после ќе играат со Украинците во Прага во последното коло кога ќе се одлучува кој е патник заедно со Англија.

Спомени од играчката кариера на Тен Хаг

Пеесет и три годишниот тренер на Манчестер Јунајтед, во кариерата како фудбалер играл само во Холандија и тоа за Твенте, Де Графшап, РКЦ Валвајк и Утрехт. Му се памети едно додавање на гости кај Феенорд, а Холанѓаните велат дека бил подобар тренер отколку играч.

Надал стварно да ти бил фудбалски мајстор

На едно постаро видео најдобриот шпански тенисер во историјата покажа раскошен талент за фудбал. Сега излезе и најново видео на кое пред еден тренинг, Рафа со тениско топче жонглира како врвен мајстор.

Мбапе се изнасмеа на еден гол на татко му

На еден хуманитарен натпревар во Франција се појавиле многу поранешни ѕвезди меѓу кои и Еден Азар кој штотуку ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Тимот на Азар победил 6:0 (за некое чудо убедливо зошто овие натпревари обично завршуваат нерешено). Хит бил и татко му на Мбапе, Вилфред Мбапе кој постигнал гол на асистенција на Азар.

Сега викаат дека и Макс Алегри се кладел, излезе и видео

Меѓу италијанските таканаречени новинари-инсајдери има пар генијални, ама има и пар што се занимаваат со рекла-казала муабети. Еден од вторите е и Фабрицио Корона кој објави видео на кое се гледа како тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри се коцкал, а тврдат и дека се кладел на фудбал во Монте Карло.

Јака најава за мегданот Махачев - Волкановски

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски утре вечер (сабота) во Абу Даби ќе има реванш со Русинот Ислам Махачев. Нивната борба ќе биде главна на настанот УФЦ 294. Махачев го доби првиот дуел по судиска одлука во февруари годинава, иако делуваше дека Волкановски иако доаѓа од сосема друга категорија, беше и повеќе од рамноправен противник.