Францускиот ракометен гигант пристигна со авион во Охрид, па со автобус преку Ресен и Ѓавато стаса во Битола за гостувањето во ЛШ кое очекувано го доби против Еурофарм Пелистер. Раул како поранешен тренер на Вардар и селекторот на Македонија, важи за фаца кај нас. Вработени од аеродромот во Охрид го застанаа за сликање и автограми.