Алекс Волкановски претходно имаше успешни обиди да ја брани шампионската титула во неговата категорија, но овојпат налета на мотивиран и жилав противник кој како да ја привршува ерата на големиот Волкановски. Треба да се има предвид и возраста од 35 години на Волкановски кој е постар од повеќе негови конкуренти.
Уште од стартот на борбата помладиот Илија Топурија покажа дека е желен за титулата и тргна во отворена офанзива. Два силни удари во втората рунда беа доволни за нокаут на Волкановски кој досега беше непоразен во перолесна категорија така што Топурија сега му го презема појасот.
😕Volkanovski was unconscious there for too long man. pic.twitter.com/uPzbCy2qj6
— Home of Fight (@Home_of_Fight) February 18, 2024
Волкановски имаше 13:0 во борбите од перолесна категорија каде беше несовладлив во УФЦ. Топурија по седми пат влезе во октагонот и со седма победа по ред стана нов шампион.
Алекс своите единствени порази ги забележа минатата година кога изгуби од Ислам Махачев но во друга категорија, поголема од неговата.