
Ромелу Лукаку го постигна шестиот гол на седум меча во Лига Европа за Рома сезонава. Го прослави со гест кој го правеа и репрезентативците на ДР Конго во полуфинале на Купот на Африка.
Белгиецот со корени од ДР Конго на тој начин го поддржал населението во источниот дел од земјата каде милиони мирни жители страдаат од воените дејствија меѓу вооружената група М23 која ги брани етничките Тутси на истокот и регуларната војска на ДР Конго.
„Сопрете го геноцидот“ напишал Лукаку после мечот под објавената фотографија. Со новиот погодок Ромелу Лукаку стана трет најдобар стрелец во историјата на Лига Европа со 26 гола. Прв е Радамел Фалкао со 30 а 29 има Обамејанг кој синоќа исто постигна гол за Марсеј.
Гестот први го направија репрезентативците на ДР Конго кои играа одличен Куп на Африкански нации и стигнаа до полуфинале. За време на интонирање на химната, тие со селекторот Себастијан Десабр и целиот стручен штаб го направија овој гест.
На 7-ми февруари востаничката група М23 започнала воен судир со регуларната војска на ДР Конго во стратешки важниот град Сака од каде илјадници жители избегале кон градот Гома, центар на провинцијата Северен Киву близу границата со Руанда.
За градот Саке се воделе жестоки битки зошто тој е последен најголем пред Гома. Регуларните единици во ДР Конго со сите сили се обидувале да го задржат градот Саке и не се знае под чија контрола е населениот пункт во градот.
Од 2-ри февруари само од градот Масизи (северно од Сака и Гома) поради вооружените дејствија на групата М23 избегале преку 42.000 лица. Непознато е колку бегалци има од другиот град во близина, Мвесо. Востаниците контролирале значаен дел од провинцијата Северен Киву.
За поддршка на оваа одметничка група ја обвинуваат соседна Руанда на чија територија овој етнос Тутси сочинуваат 15% од населението. Руанда негира каква била вмешаност а и самата група М23 негира каква било помош од надвор.