МеКланг во кариерата повеќе игра во развојната лига отколку во НБА, па така сменил неколку тимови но никогаш не добил права шанса во најсилната лига.
МеКланг стана прв играч уште од Зек Левин (2015 и 2016) кој ја одбранил титулата на спектакуларниот турнир во забивање. Тој освои максимални 50 поени за последното забивање кое го направи преку легендарниот Шекил О'Нил.
HE'S DONE IT AGAIN 🤯
— NBA (@NBA) February 18, 2024
Mac McClung is the back-to-back #ATTSlamDunk champion ‼️
Straight 5⃣0⃣'s#StateFarmSaturday on TNT pic.twitter.com/p2sBx7h2IM
Втор на крајот беше Џејлен Браун, Ол-Стар суперѕвездата на Бостон Селтикс. Во првата рунда беа елиминирани Хаиме Хакез од Мајами и Џејкоб Топин од Вестчестер Никс.
ЛИЛАРД ПОБЕДИ НА ТУРНИРОТ ВО ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
Традиционално, покрај натпреварот во забивање, се одржа и турнирот во најбрзо погодени шутеви за три поени. Овојпат славеше Дамијан Лилард, суперѕвездата на Милвоки кој благодарение на погодениот последен шут го совлада Треј Јанг.
Лилард на тој начин стана првиот играш кој две години во низа стигнува до наградата за најдобар шутер на ова Ол-Стар натпреварување после Џејсон Капон во 2007-ма и 2008-ма.
Интересно во последната рунда влезе и победникот од 2002-ра Карл-Ентони Таунс. Лилард на крај имаше 26 поени односно два повеќе од Трае Јанг.