Традиционално Новогодишната турнеја стартува во Оберстдорф кој ќе биде единствена скокалница која ќе се одржи на истекот на „старата“ година, поточно денес на 28-ми декември во недела од 16:30 за кога се закажани квалификациите а главните скокови се во понеделник 29-ти декември исто од 16:30 часот.
Потоа следи легендарниот Гармиш-Партенкирхен ќе ги прими најдобрите скијачки скокачи на светот. Со квалификации на 31-декември од 16:30 и главен настан на 1. јануари во Новата година од 14:00 часот.
Следи селидба од Германија во Австрија односно во Инсбрук на 4. јануари и во Бишофсхофен два дена подоцна за кога на програмата е закажано големото финале.
Во Инсбурк ќе има квалификации на 3-ти јануари во 14:30 а следниот ден на 4-ти јануари од 13:30 ќе биде главниот настан.
Култниот турнир „Четири скокалници“ завршува во Бишофсхофен во Австрија на 5-ти јануари со квалификации закажани за 16:30 и завршни скокови на 6-ти јануари од 16:30.
КОЈ ЌЕ ГО ОСВОИ ПЕХАРОТ „ЗЛАТЕН ОРЕЛ“?
74-то издание на Четири скокалници ќе донесе многу возбудливи скокови. Главното прашање е кој ќе победи на турнирот кој ќе се одржува од 28-ми декември до 6-ти јануари?
Австриецот Даниел Чофениг ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена минатата сезона а неговиот тимски колеги Штефан Крафт и Јан Херл исто ќе се обидат да го нападнат врвот и да се спремат за Зимските Олимписки Игри во Милано, Кортина 2026.
Најинтересниот за публиката, Словенецот Домен Превц влегува на „Четири скокалници“ како апсолутен лидер во генералниот пласман на Светски Куп.
Ќе треба да се има фокус и на врвниот Јапонец Рију Кобајаши кој е еден од само тројцата скијачи во историјата кој победил на сите Четири скокалници во една сезона.
Секако големо внимание ќе привлечат и легендарните Карл Гајгер, Симон Аман, Андреас Велингер, Камил Стох, Халвор Егнер Гранеруд. Од регионов единствен натпреварувач покрај словенечките скијачи ќе биде Бугаринот Владимир Зографски.