Никола Јокиќ во поразот на Денвер од Орландо запиша 34 поени, 21 скок и 12 асистенции што е негов 16. трипл-дабл учинок сезонава.
Сомборецот и трикратен МВП на НБА сега е на само еден трипл-дабл од легендарниот Оскар Робертсон на вечната листа.
Нагетс имаа двоцифрена предност на полувремето (62:48), имаа пристојни +9 на стартот на четвртиот период, имаа дури и шут за победа кој Џамал Мареј го промаши и на крајот Орландо Меџик ја прослави 18. победа сезонава и остана на 4. место на Истокот.
Џамал Мареј даде 24 поени, Тим Хардавеј 20 поени. Кај победникот од Флорида, Ендрју Блек постигна 38 поени со шест скока и пет асистенции. Бејн додаде 24 поени со шест асистенции.
На Западот Денвер Нагетс е втор со 22 победи и 9 порази зад лидерот Оклахома која има 26 победи и 5 порази.