Прегледани ВАР грешки: Барселона најмногу фаворизирана, Реал Мадрид оштетуван

Шпанска Марка денес носи текст за извештајот на шпанскиот Технички комитет на судии кој признал 10 судиски грешки на 51 натпревар.

Новинарот Мигел Санз од шпанска Марка пишува дека Судискиот технички комитет во шпанскиот фудбал (CTA) признал 10 грешки на судиите на 51 прегледан натпревар во Примера, втора лига Сегунда и женскиот фудбал.

Не се сите спорни моменти од ВАР интервенции или неинтервенции, што само по себе би го зголемиле процентот на грешки, туку само оние грешки во првите 18 кола од шпанскиот фудбал кој ги одбрал Советодавниот одбор составен од тренерите Хозе Луис Олтра, Хозе Рамон Сандовал и Хозе Луис Санчез Вера заедно со поранешниот фудбалер Фернандо Мориентес.

Сите тие 10 груби грешки на судиите со помош на ВАР или не, на крајот влијаеле на резултатот и победникот како што било на натпревар на Атлетико Мадрид кога судиите не знаеле да го видат офсајдот на Џулиано на мечот против Алавес (гледале наводна игра со рака наместо чист офсајд), како и фаќањето на Коке за врат врз голманот Батаља од Рајо Ваљекано што требало да биде санкционирано со директен црвен картон, стои во извештајот на ЦТА.

Барселона исто така има судиски грешки на своја корист: недосуден прекршок врз фудбалерот на Мајорка Антонио Раиљо а подоцна акцијата завршила со гол за Барселона.

Во педантниот и детален бележник на Судискиот технички комитет за кардинални и груби грешки на судиите се прогласени и: Фаул на Реал Сосиедад над Хујсен од Реал Мадрид (недосуден), Атлетик Билбао не добил чист пенал над Нико Вилијамс во Виго со Селта, оштетена е и Мајорка за неисклучен голман на Атлетик Билбао а оштетен е и Рајо Ваљекано (недосуден пенал на дуел против Еспањол)...

За другите анализирани 38 спорни моменти во Ла Лига, ЦТА (Судискиот технички комитет) смета дека ВАР или правилно му сигнализирал на судијата или неправилно не му јавил и дозволил неговото сопствено мислење да превладее.

Пофалени се и придобивки од ВАР како на пример единствената акција кога судија исправил грешка, на дербито Ел Класико кога играњето на Ерик Гарсија со рака во својот шеснаесетник на „Сантијаго Бернабеу“ беше прегледано повторно и досуден беше пенал.

Сите останати одлуки на ВАР кој го вклучувале Реал Мадрид или дозволиле играта да продолжи без оглед на тоа дали е на штета или на корист на „кралскиот клуб“.

28 декември 2025 - 12:00