Астон Вила го освои и „Стемфорд Бриџ“ за 11-та рекордна победа по ред
28 декември 2025
- Предводен од сјајниот шпански стручњак Унаи Емери, Астон Вила прави чуда. Синоќа клубот од Бирмингем стигна до 11-ти триумф по ред во сите натпреварувања што е рекордна серија во клупската историја.
- Астон Вила губеше од Челси на гости 1-0 од 37' минута кога Жоао Педро погоди за сините.
- Гостите направија целосен пресврт преку нововлезениот Оли Воткинс кој даде два гола во 63-та и 84-та минута за триумф 1-2. Вила сега има 39 бода и е на трето место со само бод зад Манчестер Сити и три зад лидерот Арсенал.