Голманот на Аталанта е махер на колото

Аталанта со 3:0 го згроми Сасуоло во италијанската Серија А, а јунак на мечот беше домашниот голман, 20-годишниот Марко Карнезеки кој одбрани два пенали едно по друго.

Во самиот финиш на првиот дел, при резултат 1:0 за домаќинот, Сасуоло доби пенал. Топката ја зема центарфорот Пинамонти. Првиот обид му го одбрани Карнезеки, но судијата процени дека голманот прерано излегол па ударот се повтори.

18 февруари 2024 - 08:29