Екстра квалитетниот крилен напаѓач на Милан ја запечати победата на Милан на конечни 3:0 во 53 минута на додавање на Тео Хернандез.
Најпрвин Тео скрати едно голманско додавање, па следуваше мајсторско двојно проигрување на Леао со петица.
Португалецот ја финишираше акцијата со потег кој не може секој да го изведе. Се чинеше како да губи чекор и контрола, а тој мајсторски ја заврши.
Потегот беше поздравен и на Твитерот на Лига Европа.
Rafael Leão, that was special 🥵🥵🥵#UEL pic.twitter.com/Ast1SpbVPp
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) February 15, 2024
Првите два гола на мечот ги постигна Лофтус Чик во 32 и 47 минута, прв играч на Милан после Кака кој успеал да стане двоен стрелец на нокаут средба под капа на УЕФА.
In good company! 🤝
— Match of the Day (@BBCMOTD) February 15, 2024
Ruben Loftus-Cheek is the first AC Milan player to score two or more goals in a European knockout game since Kaka in 2007.#BBCFootball pic.twitter.com/vsBTnXw3S5