На Клеј Томпсон ако му тргне толку е

Голден Стејт Вориорс им се врати на победите откако синоќа ја разби Јута Џез 140-137. Ова беше второ гостување на екипата во Солт Лејт Сити по ненадејно починатиот Дејан Милојевиќ токму при гостување во овој град. Синоќа Клеј Томпсон изнедувачки тргна од клупата за резерви првпат после 2012-та и постигна сезонава највисоки 35 поени од кои дури 7 тројки со 6 скока и 2 асистенции. Стеф Кари додаде 25 поени со 10 асистенции и 6 скока.

Драјмонд Грин додаде 23 поени со по 5 скока и асистенции, а двоцифрени беа уште и Ендрју Вигинс со 19 поени и 7 скока, Стеф Кари со 16 поени и дури 10 асистенции, Брандин Подзиемски (8 асистенции и 6 скока) и Џонатан Куминга имаа по 13 поени.

Кај поразената Јута Џез, Колик Сексон беше најефикасен со 35 поени и девет додавања, Џорџ додаде 33 поени а Марканен имаше 20 поени со 14 скок.

Вориорс имаат 27 победи и 26 порази и се на 10-то место, последно кое води во таканаречениот плеј-ин разигрување за плеј-оф. Јута Џез е место под нив со 26 победи и 30 порази.

16 февруари 2024 - 10:12