Offside

Управниот одбор на ФФМ, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини. Најавува и ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци, меѓу кои ќе се испитува и ПРО лиценцата на Игор Ангеловски.

Хајлајтс од одличниот перформанс на Елмас во ЛШ

Елиф Елмас ја доби највисоката оценка на мечот против Ајнтрахт Франкфурт, 8,5. Настапот му го опишаа како брилијантен, со исклучително движење и визија на терен. Има и зошто ако ги погледнете видеата. Убави шанси, дриблинзи, клучни додавања за гол. Штета за резултатот.

Ѓоковиќ се расплака во Атина

Новак Ѓоковиќ триумфално го почна АТП турнирот во Атина, откако со 2:0 го доби Алехандро Табило. По мечот, следуваше многу емотивен момент за српскиот тенисер, откако пуштија видео посветено на Никола Пилиќ (1939-2025), кој го тренираше како дете. „Тој беше дел од моето семејство. Никогаш немаше да станам тоа што сум денес ако не беше Пилиќ“, рече Ѓоковиќ со солзи на очите.

Чикаго Булс победи со луда тројка на Вучевиќ

Чикаго Булс ја совлада Филаделфија '76 113-111 со луд кош за три поени на 3,2 секунди до крајот на Црногорецот Никола Вучевиќ. Чикаго се врати по негатива од неверојатни -24 поени! Џош Гиди беше најефикасен кај Булси со 29 поени, 15 скока и 12 асистенции. Вучевиќ имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 10 скока за победа и прво место на Булс на Истокот. Имаат 6 победи и само 1 пораз од старт на сезоната.

Топ најлуди додавања на Јокиќ низ годиниве

Трикратниот МВП и шампион на НБА лигата од 2023 Никола Јокиќ сезонава ја почна јуришнички со дури 4 трипл-дабл изданија. Игра во топ форма. Имаше и некои луди додавања кои потсетија на некои од изминатите сезони.

Штос за учебници во албанскиот фудбал

Албано Алекси и Гулием Хаиме режирале право ремек-дело од гол на дуелот меѓу Игнатија и Влазнија во албанската прва фудбалска лига.

Врвна увертира во Чемпионшип со рок свирка

Ковентри го совлада Шефилд Јунајтед со пресврт, од 0:1 на 3:1. И тоа не беше единствениот ќеиф за домашните навивачи. Платија карта за фудбал, а си добија гратис свирка, уживање со рок бендот „The Enemy“. Прекрасна атмосфера.

Голот на вечерта е дело на стопер висок 1.93 см

Тотенхем Хотспур од 57-ма минута играше со играч помалку на дуелот против Копенхаген во Лига на шампиони но тоа не им сметаше да слават со 4-0. Бренан Џонсон кој го отвори резултатот во 19-та минута, беше исклучен во 57-ма минута. Високиот холандски стопер Мики ван де Вен постигна прекрасен гол во 64-та минута, сигурно гол на колото во Лига на шампиони.

Свирежи и навреди за Трент Александер-Арнолд во својот Ливерпул

Англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд е роден во Ливерпул. На 6 години го запишуваат во фудбалската школа на славниот клуб. И станува еден од ретките кој ги поминал сите возрасни категории и стигнал до првиот тим. Го оствари сонот и со црвените освои титула во Лига на шампиони (2019) и Премиер лига. Му исцртаа и прекрасен мурал но откако реши да си оди во Реал Мадрид, му го ишкртаа.

Навивач на Реал ја побара девојка му на „Енфилд Роуд“

Еден млад навивач на најтрофејниот светски клуб решил својата девојка да ја побара за жена пред големото дерби Ливерпул - Реал Мадрид. Му рекла „да“, а натпреварот ќе го паметат и по поразот на Реал 1-0.

Грд потег на Суарез, ова е за суспензија

Џабе настапуваше во великани како Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид. Џабе и цело тоа огромно 20 годишно меѓународно и животно искуство. Овој човек не се менува. Инаку не доби ни картон за ова.

Топ 5 дефанзивци во светот со кој се соочил Руни

Изборот на легендарниот англиски репрезентативец се состои од двајца стопери од Милан, двајца од Челси и еден од Барса. Даде и објаснување.

Баварската машинерија го освои Париз со играч помалку, Ливерпул појак од Реал

Во вечер со две мега дербија, ПСЖ - Баерн Минхен и Ливерпул - Реал Мадрид, славеа Парижаните и англискиот шампион. Германците поведоа со два гола на Колумбиецот Луис Дијаз кој се прослави но набрзо направи груб, бесмислен фаул над Хакими и доби директен црвен картон. Во Неапол 90 минути за Елиф Елмас во ремито без голови Наполи - Ајнтрахт.

Ново дно дна издание во мак фудбалот со намерно примање голови

На што се сведе македонскиот фудбал? Не можеме крајот да го пофатиме годинава со тепачки и местенки. На некои луѓе очигледно им застанал саатот во 90-тите.

Уништен муралот на Трент Александер-Арнолд во Ливерпул

Од сакан капитен, дете на клубот, омилен меѓу навивачите на Ливерпул и еден од најзаслужните што црвените освојуваа Лига на шампиони и Премиер лига, до омразен непријател кој долго време одбиваше да потпише нов договор со клубот за да отиде во Реал Мадрид како слободен играч. Вечерва со Реал му гостува на Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Во градот веќе му го полеале со боја муралот посветен на ТАА. Му напишале: „Збогум глушецу“.

Лотито џуниор фатен во офсајд

Клаудио Лотито, како една од најголемите бараби во италијанскиот фудбал, не е единствен претседател на Лацио. Син му Енрико е прв човек на женскиот клуб. Го зборат дека бил многу директен.

Кога Мајк Тајсон сакал да се бори со горила во зоолошка

Оваа луда идеја која на „челичниот Мајк“ му дошла во доцните '80-ти години и ден-денес е најголемо „што ако?“ во светот на боречките вештини. Тајсон тогаш беше во зенитот од својата кариера, но и во зенитот на своите лудачки идеи.

Шведскиот Манчестер Сити

Фудбалерите на шведскиот прволигаш Сириус успеале на натпреварот против Норкопинг да остварат дури 71 додавање меѓу себе без да ја изгубат топката ниту еднаш. На крај победиле 1-2 на гости.

Вработени на Скај Спорт урлаа во живо како ултраси

Интер ја совлада Верона на гости со автогол во 93-та минута, а двајца вработени од Скај Спорт, голот го славеа во режија, без да имаат осет дека цела Италија ги гледа и слуша во живо. Дури и водителот се сецна и се поднасмеа. Епилог? Директорот на тв гигантот, го осудил непрофесионалното однесување и ги отпуштил и двајцата од работа.

Потег на вечерта во НБА за победа во последна секунда

Каква луда партија одигра Јанис Адетокумбо за 5-та победа на Милвоки Бакс од почеток на сезоната! Јанис имаше 33 поени, 13 скока и 5 асистенции за 32 минути, забиваше како луд, играше сјајна одбрана а во последните секунди постигна и многу тежок шут за победа!

Никако за коса, залижан планирам да си легнам

Борха Саин од Шпанија и член на Порто е типичен пример за она кога ќе се каже за некој, манекен меѓу фудбалерите. Погледнете го со ваква мазна и залижена фризура оди на фудбал. Влакно не смее да му штрчи. И не дава да му ја допреш, се лути.

Празен гол, само да го праша каде да шутне

Сандерленд предводен од Гранит Џака игра сјајна сезона во Премиер лига па има 5 победи, 3 нерешени и 2 порази. Синоќа пропуштија прилика против Евертон (1:1) да се искачат на второ место на табела. Четврти се со 18 бода. Домашниот фудбалер Тиерно Бари синоќа го имаше промашувањето на сезоната во Премиер лига. Барем за сега.

Сенегалец ја измеша цела одбрана на Сандерленд

На последниот меч од 10. коло во Премиер лигата, падна голот на колото и еден од најубавите соло продори сезонава на островот. Го постигна Илиман Ндијаје од Евертон на гостувањето против Евертон 1:1.

Уште ваков автогол немавме видено, од пола терен

Да се направи топ листа на автоголови од најдалеку и веднаш да се прескокне првата позиција. Резервирана е за Алекс Стојаковиќ од Локомотива Загреб. Погледнете што направи царот на мечот против Горица.

Нови магични асистенции на Никола Јокиќ и нов дабл-дабл

Српскиот репрезентативец стигна до рекордот на сезоната по стартот на НБА откако синоќа имаше 34 поени и дури 14 асистенции во победата на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс 130:124.