Јирген Клоп не сака да губи време. Веднаш ја наложил својата филозофија, а неговите играчи мора да го слушаат или во спротивно нема да бидат дел од репрезентацијата.
КРАЈ НА СЕМЕЈНИТЕ СОБИРИ
Една од првите категорични промени кои Клоп ги наложил е поврзана со присуството на сопругите и девојките на фудбалерите за време на собирите и турнирите. Според германски Bild, новиот селектор на Германија става крај на праксата цели семејства да го посетуваат хотелот на репрезентацијата како што се случувало за време на Светското првенство.
Ова е директна реакција на настанот околу неговиот претходник Јулиан Нагелсман чија партнерка Лена Вирценбергер според германските медиуми била постојано во базата на репрезентацијата. При Нагелсман Германија испадна од Парагвај во елиминациската фаза од Мундијалот а лошата атмосфера во селекцијата беше посочена како една од причините за испаѓање.
Клоп решил да дозволува посети на семејствата но со исклучоци кои ќе бидат силно ограничени за да можат играчите да се концентрираат на заедничката цел.
НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
За да го зголеми професионализмот на играчите, Клоп вовел и други две важни ограничувања. Првото е поврзано со надворешниот изглед на играчите. Се забранува посета на фризери и бербери во хотелот на репрезентацијата. Ѕвездите на Германија ќе треба да се потшишаат пред почеток на собиро во репрезентација.
Тоа правило има за цел да елиминира секакви надворешни влијанија кои би можеле да ја нарушат концентрацијата.
ЗАБРАНА И ЗА МОБИЛНИ
Јирген Клоп го забранил и користењето на мобилни телефони за време на тренинзите, за време на масажите, за време на вежби во теретана и на ден на натпреварите.
Целта е играчите да разговараат повеќе меѓу себе и да бидат целосно фокусирани на подготовката на натпреварите.
ВЕЧЕРА ВО 19:00
Четвртото строго правило на Клоп е насочено кон градењето колектив. Тој наложил вечерата секогаш да трае точно од 19 до 20 часот со цел сите фудбалери да стигнат на време а не да доаѓаат во различни времиња.
Тоа е замислено за да има повеќе време играчите да разговараат и да се поврзуваат меѓу себе што е клучно за изградба на заедништво во репрезентацијата.
ТЕШКА ЗАДАЧА ПРЕД КЛОП
Германија има три рани испаѓања по ред и е во лоша резултатска состојба по Светската титула во 2014-та. Испаѓаше во групна фаза во 2018-та и 2022-ра а беше елиминирана и годинава на Светско 2026 многу рано.
На последните две Европски првенства Бундестимот стигна до осминафинале и четвртфинале.
За првите 4 натпревари против Холандија, Србија и Грција, Клоп повика 44 репрезентативци.