Offside

Управниот одбор на ФФМ, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини. Најавува и ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци, меѓу кои ќе се испитува и ПРО лиценцата на Игор Ангеловски.

Струмичко кошаркарско искуство на Србин, висок 2.20

Немања Бешовиќ како поранешен играч на Партизан, во 2016-та оди да игра во Струмица. Расказот му е бурлески, од доаѓање, па до крај. Душек немал за спиење, ама битно дружбата топ. На глас се смееме на работа. Денот ни го направи.

Бекам раскажува за интересни детали од игрите со Роналдо

Каква генерација фудбалери беше таа на Реал Мадрид. Трепет ширум Европа. Ги викаа галактикоси, беа права казнена експедиција каде и да одеа. Бекам раскажува во документарец на Нетфликс за тоа како му било на теренот со Роналдо, Фиго, Зидан и други светски ѕвезди....

Најсрамниот пенал за 2025-та е досуден во Германија

Коментаторот на Спорклуб вели вака: „Ако на ваков допир фудбалерите паѓаат, тогаш не би имале повеќе фудбал, туку скокови во вода. Легна на земја, како некој да го стрелал, како со чекич да го удрил“. Ние немаме што да додадеме, освен дека се работи за мечот Елферсберг - Хановер, германска втора лига.

Камерман на колото

Ги фаќа во ложа Роберто Карлос и Роналдо и на бранот на реакција од стадионот, лови еден лик ишишан како Феноменот во 2002-ра година на Светското во Јужна Кореја и Јапонија.

Вујо за посебната поврзаност со Вардар и Комити

Веселин Вујовиќ во три наврати го водеше Вардар: 2006-2009, 2011-2013 и 2021-ва. Освои 3 домашни титули, 3 Купа и СЕХА лига. Но, тој во Скопје остави многу поголем белег од трофеите и створи неверојатна конекција со навивачите. Во подкастот Пресинг зборува на многу теми, меѓу кои неизбежна е темата Вардар.

Дрезденска опсада на Берлин

Херта Берлин со 2-0 го совлада Динамо Дрезден и само му ја продолжи агонијата сезонава во втора лига во која имаат 6 порази, 4 нерешени и само 1 победа и се претпоследни со 7 бода после 11 кола. Херта е на 8-мо место со 17 бода. На култниот „Олимписки стадион“ во Берлин допатувале преку 20.000 навивачи на Динамо Дрезден.

Што сè нема човек да види по НБА

Седи Стив Кер пред некоја вечер на клупата на својот Голден Стејт Вориорс кога наеднаш среде натпревар од зад грб му пришол некој лик што личи на него, и притоа облечен во ретро дрес и шорцеви на Стив Кер од '90-те години кога играше за шампионскиот Чикаго Булс. На Кер не му се допаднало што му одвлекувал внимание среде натпревар.

Голман ти само остави ја прва статива

На дуелот меѓу Атлетико Насионал и Америка де Кали во прв натпревар полуфиналето на Купот на Колумбија, домаќините победиле 4-1. Третиот гол бил дело на 20-годишниот напаѓач Хуан Ренгифо директно од корнер.

Црвен картон само што влезе од клупа за резерви

На дуелот меѓу Славен Белупо и Хајдук од 12. коло во хрватската прва лига кој заврши 0:0 играа и поранешните македонски репрезентативци Илија Несторовски и Леонард Жута. Тие беа сведоци и на еден необичен настан. Нивниот соиграч Андрија Филиповиќ влезе во финишот во игра од клупата и за само 74 секунди доби директен црвен картон за еден груб старт.

Чалханоглу и Зјелински да не имаат докторирано на тема корнер?

Интер ја доби Верона 1:2 со автогол во 93-та минута. Мечот го отворија гостите во 16-та минута, со нешто многу јако извежбано и подготвено на тренинг.

За бомба од слободен удар понекогаш се потребни двајца

Видовме 300 разни варијанти на изведување слободен удар. Дел успешни, а некои за потсмев. Депортиво Ла Коруња тоа го изведе просто и едноставно, а голманот немаше шанси да го спречи ова голчиште.

Гол вреден награда „Пушкаш“ падна во Јужна Африка

Во дербито на Јужна Африка, Чемран Дансин постигна гол вреден кандидатура „Ференц Пушкаш“. На дуелот меѓу Мамелоди Сандаунс и Орландо Пајретс, гостинскиот фудбалер Дансин постигна прекрасен гол во 35-та минута за израмнување 1-1. Така и заврши натпреварот.

Две голчишта на Антони кој промаши зицер за хет-трик

Бетис ја совлада Мајорка со 3:0 во 11. коло од Ла Лига и е петти на табела. Играч на мечот Антони кој распали на два пати и за влакно не запиша хет-трик.

Голот на Павловиќ и одбранетиот пенал на Мењон

Милан ја совлада Рома со 1-0 во големото дерби на италијанска Серија А и остана трет на табела со ист број бодови (21) колку што има и Интер на второ место. Наполи е прв со 22 бода. Страхиња Павловиќ во 39' минута го совлада својот репрезентативен колега и другар Миле Свилар а Мајк Мењан фати пенал за три златни бода на Милан кој игра како препороден со Масимилијано Алегри.

Фичо, тебе Михајловиќ да не ти е идол?

Јелгава против Мета, прва летонска лига. На слободен удар се мести извесен Филип Хашек. Сите чекаат да нафрли, ама тој да ти имал други планови. Коментаторот занеме за момент.

Навивач на Билбао си грицкаше чипс меѓу навивачи на Сосиедад

Во фантастично дерби на Баскија на кое паднаа дури 5 гола, на крајот победи Реал Сосиедад кој на Атлетик Билбао му даде трет гол во 90+2' минута од судиско продолжение. Стрелец Јон Горочаеги. На трибините пак имаше по некој навивач на гостинскиот состав кој секако никој не го закачаше.

Две јаки асистенции на Лука во стилот на Јокиќ

Лука Дончиќ ја почна новата сезона во страшен ритам со 165 поени на првите четири меча. Погледнете му ги потезиве против Мајами. Шоу.

Избран најубавиот гол во Премиер лига за октомври

Во Премиер лигата од коло во коло паѓаат фантастични погодоци па изборот за најубав гол на месецот е сè поинтересен. Сега за октомври наградата ја добива Емилијано Буендиа за голот на Астон Вила на гости кај Тотенхем (1:2). А и кој било друг да го добиеше признанието ќе беше оправдано.

Трипл-дабл на Дончиќ за историја, игра во врвен ритам

43 поени против Голден Стејт, 49 против Минесота, кратка пауза поради повреди на прстите и ногата, па 44 поени над Мемфис и ноќеска трипл-дабл со Мајами.

Фенербахче го доби Бешикташ, Асенсио погоден со шишиња

Големото дерби на Истанбул понуди се: 5 гола, црвен картон и на крај триумф на Фенербахче 2-3 на гости кај Бешикташ. Јуксек, Марко Асенсио и Џон Дуран беа стрелци за Фенербахче а Шпанецот кој играше во Реал Мадрид и ПСЖ, при еден корнер беше гаѓан со се и сешто.

Лажњак на Нејмар и тоа од слободен удар

Сантос одигра 1:1 против Форталеза во бразилскиот шампионат. Нејмар имаше одлична идеја, која му успеа, ама до пола.

РФМ ги избра најдобрите, постхумно награден Илија Темелковски

Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите на годината. За најдобар ракометар е прогласен Филип Кузмановски.

Најголемо промашување на сезоната

Ова е сигурно промашување најголемо не на сезоната туку на последните неколку сезони. Вакво нешто не сме сретнале досега никаде и никогаш.

Фантастичен гол на Лео Меси, Интер Мајами ќе игра мајсторка

Нешвил и Интер Мајами ќе играат мајсторка во доигрувањето во МЛС лигата откако реваншот синоќа заврши со ист резултат како првиот натпревар 2-1. Домаќините имаа два гола предност после првиот дел а Лионел Меси постигна прекрасен погодок во 90-та минута за конечни 2-1 и закажа мајсторка.