Мо Салах и карпата

Во Турција славен фудбалер и на карпа да седне, ќе ја направи карпата славна. Ама буквално.

По трансферот ова лето во Трабзонспор, Мохамед Салах еден ден отишол на прошетка во природа во тој регионот и објавил слика како седи на карпа. 

Фотографијата веднаш стана хит и сега знаете што се случува таму? Стотици навивачи и туристи прават опсада на местото со коли. Чекаат во долги редици за да седнат на истото место, во истата поза.

Па уште и ставиле табла со натпис „Salahtaşı“ или Салахова карпа.

Пред да се појави Салах, на тоа место имало само карпи и полиња, а сега благодарение на Салах, се претвори во туристичка атракција. 

Популарноста на ова место дополнително експлодираше викендов, откако Салах постигна хет-трик во големата победа на Трабзонспор против Галатасарај со 4:0.

22 септември 2026 - 09:10