Трабзон го прекрши Галатасарај 4-0, Салах правеше шоу

Само три дена откако Трабзонспор го назначи Германецот Томас Рајс за тренер, екипата го развали актуелниот шампион Галатасарај со 4-0 на домашен терен и му го нанесе првиот пораз во сезоната.

Мохамед Салах направи шоу со хет-трик а голеадата ја започна уште во 4' минута кога по една брза контра смирено реагираше и постигна убав гол за водство. После му асистираше и на Ноа Савиоло во 39-та минута.

Пред крајот на првиот дел, во 44' минута Салах постигна уште еден гол за 3-0 на асистенција на Франкулино Диу.

Египќанецот го комплетираше хет-трикот во 80' минута откако истрча повеќе од пола терен без некој да го сопре, за да го даде и третиот гол на мечот.

Тренерот на Галатасарај Окан Бурук беше исклучен во 71' минута поради протести а Лесли Угочукву доби исто црвен картон кај гостите.

После 6 одиграни кола Галатасарај е прв со 13 бода пред Бешикташ кој е втор но со натпревар помалку и 12 бода колку што има и третопласираниот Коџаелиспор. На 4-то место е Алањаспор а Трабрзон е на 5-то место со 10 бода. Фенербахче исто има натпревар помалку и е на 10-то место со само 7 освоени бода.

 

20 септември 2026 - 08:05