Гало Белоти е жив, даде еврогол со ножички

Некој би помислил дека има 40+ години со оглед на тоа колку играше во Серија А, а Андреа „Гало“ Белоти има само 32 години. Сега игра во Модена, во втора италијанска Серија Б. Во неделата попладне само што влезе во игра после 5 минути постигна прекрасен еврогол, прв после 17-ти септември 2025-та година. Неговата Модена победи 2-1 против Емполи и во моментов е 4-та на табела со 10 бода, 3 помалку од лидерот Палермо.

Центарфорот кој играше и за репрезентацијата во Скопје и беше творец на головите за победа после пресврт против Македонија во квалификациски натпревар, играше за Палермо, Торино, Рома, Фиорентина, Комо, Бенфика, Каљари и сега Модена. 

21 септември 2026 - 13:54