Престон Лајонс има ново засилување кое ни е глупо да го напишеме во наслов

Се работи за интернационалец од Јужен Судан, по име Кур Кур, а проблем е што го ангажира славниот клуб Престон Лајонс, основан од македонски иселеници. Дечки, внимателно од трибини, деца одат на стадион.

Најавен е како играч со богато искуство од австралиската НПЛ лига и од Европа. ​Во сезоната 2021/2022 настапувал за Аделаида Сити каде на 32 натпревари постигнал 16 голови, а потоа направил трансфер во српскиот прволигаш Нови Пазар.

Во 2023 година се вратил во Австралија во редовите на Бризбејн Роар, а кариерата ја продолжил во Авондејл и Грин Гали.

Неговото деби во црвено-црниот дрес се очекува на 15 октомври на стадионот „Џенис Стил“, кога Престон го отвора шампионатот на Австралија со натпреварот против Волонгонг.

Дечки, се разбравме? Што е до нас, ако треба и вака ќе одиме во текстови: К.р К.р.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)

21 септември 2026 - 10:04