Оксфорд Јунајтед од производителот на дресови добил нова колекција опрема и веднаш ја пуштил во продажба но набрзо ја повлекол од продажба после пар часа. Поради натписот United 93 кој потсеќал на терористичките напади во Њујорк на 11-ти септември 2001-ва година.
А 93 кај Оксфорд е синоним на годината на основање на клубот - 1893.
Потоа морале да се извинат, а еве и зошто...
КЛУБОТ ЈА ПРЕТСТАВИЛ НОВАТА КОЛЕКЦИЈА ВО АМЕРИКАНСКИ СТИЛ А ПРОМОЦИЈАТА УШТЕ И СЕ СОВПАДНАЛА СО 25-ГОДИШНИНА ОД НАПАДИТЕ
Оксфорд Јунајтед минатата година испадна од Чемпионшип. Летово тренер на екипата стана некогашниот играч на Арсенал Арон Рамзи а сега клубот е во центар не спортските медиуми поради опремата.
United 93 не е само референца на годината на основање на Јунајтед, туку и сериски број на авионот 93 United Airlines кој беше урнат при терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва. Тој не долетал до целта и се урнал на земја кога наводно некои од херојските патници кои веќе додека биле на земја знаеле за нападот кај кулите-близначки, се обиделе да го вратат управувањето со авионот.
При падот на овој авион загинале 44 лица. Во 2006-та година излезе филмот United 93 во кој се пресликани сите настани на тој лет.
А за малерот да биде поголем по фудбалскиот клуб Оксфорд, тие пуштиле во продажба нова опрема во американски стил. Прво сакале да ја промовираат новата колекција на 9-ти септември, пред стартот на сезоната во НФЛ, но го одложиле за 25-ти септември. Несвесни дека тој датум се совпаѓа со терористичките напади.
Клубот набрзо сфатил и ја повлекол цела опрема:
„Оксфорд Јунајтед сака да принесе искрено извинување за пуштање во промет на Кампус Колекцијата. Оваа колекција излезе без оглед на историскиот контекст и настаните асоцирани со него. Колекцијата не требаше да биде пуштена во продажба и ние на себе ја преземаме целата одговорност за тоа што не спроведовме надлежна контрола. Без поговорно ја тргнавме целата колекција и ќе преземеме се за да гарантираме дека слично нешто веќе никогаш нема да се случи. Уште еднаш принесуваме искрено извинување за грешката и за секоја причинета непријатност“, напишале од Оксфорд.
НЕ СИТЕ ГО РАЗБРАЛЕ РЕШЕНИЕТО НА КЛУБОТ, ДУРИ НИ АМЕРИКАНЦИ

Извор од клубот Оксфорд рекол за Телеград дека одговорните за проектот знаеле за годишнината на нападите, но биле прилично млади за да се сеќаваат за такви детали каков што е серискиот назив на авионот.
А одлуката на клубот да повлече се збунила многу луѓе па дури и некои Американци кои коментирале:
„Ова очигледно била грешка, но ништо страшно. И дали дрес со натпис Јунајтед 93 може некого многу да навреди ако се знае дека историјата на овој лет во голема мера е херојска“?
„Да се тргне од продажба е целосен апсурд. Колку Американци воопшти ќе ја видат оваа колекција? И колкава група луѓе ќе се почуствуваат навредени а немаат баш никаков однос со настаните од 11-ти септември и не ја знаат историјата на малку познатиот клуб?“
Како и да е, на крајот двосмислена колекција нова опрема во продажба нема да има веќе.