Искусниот член на Сандерленд моментално е надвор од репрезентацијата бидејќи се соочува со истрага за фалсификување сертификат за вакцина против коронавирусот.
Тој признава дека извадил лажен сертификат за ковид вакцина во 2022 година и покрај тоа што не бил вакциниран.
Во случајот била вмешана и докторка, која незаконски издавала потврди. Случајот го изтражуваат швајцарските власти.
Гранит Џака се огласи на Инстаграм. Го нема во составот на Швајцарија на првите четири меча од новата сезона во Лига на нации.
„Во последните денови имаше многу извештаи за едно прашање од моето минато. Би сакал лично да се осврнам на ова.“
Во тоа време, лично бев многу несигурен и бев сериозно загрижен во врска со вакцинацијата против Ковид 19. Чувствував длабока недоверба во вакцината и ме мачеа страв и неизвесност.
Во таа турбулентна емоционална состојба, добив потврда за вакцинација наместо да ги разјаснувам моите отворени прашања преку соодветни канали.
Денес јасно гледам дека ова не беше правилниот тек на дејствување. Беше грешка. Жал ми е. Ја преземам одговорноста за оваа одлука, посветен сум на истрага на случајот и целосно соработувам со надлежните органи“, стои во соопштението на Џака.
Македонија ја пречекува Швајцарија на 26 септември со почеток од 20:45 часот.
