Таг: гранит џака

Голчиште на Џака, двојна круна за Баер Леверкузен

Втор Куп трофеј во историјата на Леверкузен и прва двојна круна, откако сезонава стигнаа до шампионската титула на импресивен начин без пораз.

Сељачки потег на Гранит Џака

Како што и се очекуваше, Србија и Швајцарија одиграа тензичен натпревар со многу жар и искри, а тоа резултатираше со дури 11 жолти картони. Најбезобразен беше Џака кој со срамен потег ја провоцираше резервната клупа на Пикси и дополнително ги разгоре страстите.

Џака: This team is fucking amazing

Некои ги критикуваат оваа Швајцарија е селекција без Швајцарци, други може бараа во четвртфинале страшна и неизвесна фудбалска класика Шпанија - Франција, но светскиот првак свитка кичма синоќа, а момците на Владимир Петковиќ беа упорни и тоа повеќе од 120 минути.

Што прави Тиери Анри кога ќе види дека Џака е капитен на Арсенал?

Фудбалерите на Арсенал го претрпеа и третиот пораз по ред во Премиер лига, овојпат дома 0:1 од Барнсли во 12. коло. Барнли славеше против „топџиите“ првпат после 1974-та година.

Гранит Џака, капитенот на Арсенал, жестоко исвиркан од своите навивачи

Арсенал после 9 минути водеше 2-0 против Кристал Палас и наместо да го затвори мечот, им дозволи на гостите да израмнат. Откако го примија вториот гол, Унаи Емери реши да го извади Гранит Џака од игра, а овој дополнително ги изиритира навивачите кои го исвиркуваа поради слабата форма цела сезона. Во еден момент им вика: Fuck off, поради што би можел да остане без капитенска лента.

Да не требаше да ја изведете или не?

Гранит Џака и Стефан Лихштајнер го направија најциркузантскиот слободен удар на денот, неделата и годината. Прво се збунија самите себе си, а потоа сите други.

Добро искористени корнери, нема што

Колку треба да си очаен за да изгубиш од БАТЕ Борисов, а се викаш Арсенал најдобар показател се овие два корнери кој од кој полош. Прво Џака лошо нафрли, а потоа Колашинац бетер. Па набаци во шеснаесетник бе, кај ја даваш таму? Очај.

Џака ли е, Михајловиќ ли е?

Сме виделе и гледаме извонредни слободни удари скоро секој фудбалски викенд, ама онаму од каде што обично се нафрлува да ја дувнеш право во гол е вистинска реткост. Швајцарецот Гранит Џака од Арсенал ова коло се истакна со посебна мајсторија од каде ретко кој успева да ја смести во агол.

Дали да го жалиш или да му се смееш

Кристал Палас, тим кој се бори за опстанок синоќа го посрамоти Арсенал со 3:0 и му нанесе нов срамен рекорд на Арсен Венгер. Подавањето и потоа паѓањето на Гранит Џака од ништо е огледало за синоќешниот очаен настап на Топџиите.

Оди па фати му ја

Нотингем Форест дома прими четири парчиња од Арсенал во Лига Купот, ама од првиот не може уште да се освести. Се работи за швајцарски проектил во изведба на 23 годишниот Гранит Џака за кој Топџиите на Борусија Менхенгладбах и платија 30 милиони фунти.

Арсенал има талент

Топџиите го платија Швајцарецот Гранит Џака преку 40 милиони евра, пари кои се обидува да ги оправда уште пред стартот на новата сезона. Ритуалот е секој новајлија на првиот ден во новиот клуб да изведе некоја точка.