Голчиште на Џака, двојна круна за Баер Леверкузен

Втор Куп трофеј во историјата на Леверкузен и прва двојна круна, откако сезонава стигнаа до шампионската титула на импресивен начин без пораз.

Фудбалерите на Баер Леверкузен ја обединија двојната круна со што го потврдија статусот на владетели оваа сезона во германскиот фудбал.

На Олимпискиот стадион во Берлин, момците на Чаби Алонсо во финалето од Купот го добија второлигашот Кајзерслаутерн 1:0 со атрактивен гол на Гранит Џака во 16 минута.

Баер го одигра цело второ полувреме со играч помалку откако во 44 минута поради два жолти картони исклучен беше Косуну.

Ова им е втора титула во Купот после онаа во 1993-та. Сезонава ја завршуваат со само еден пораз на сите натпреварања, а тоа е оној од средата против Аталанта во финалето од ЛЕ.

 

 

26 мај 2024 - 09:08