Ју Циди (13) учествува на Азиските Игри во Јапонија, во Аичи и Нагоја. Таа прво победила на трката на 200 метри пеперутка во саботата на 20-ти септември со рекорд на Азиските Игри од 2:05:08, а веќе само ден подоцна поставила нов рекорд.
На 200 метри мешан стил победила со ново рекордно време за Азија од 2:06:10.
🚨 YU ZIDI 🇨🇳 (13 ANS) FRAPPE UN GRAND COUP EN RÉALISANT 2:06.10 SUR 200M 4 NAGES :
— MR.CARTER 🌚 (@NelsonCarterJr) September 21, 2026
La chinoise décroche le titre asiatique et bat les records d’Asie, de Chine et du monde junior !
26.91
58.87 - 31.96
1:35.91 - 37.04
2:06.10 - 30.19
🤯🤯🤯#Natation pic.twitter.com/LlXxJzzvbT
Ова време е најдобро време на светот сезонава и второ најдобро во историјата на 200 метри мешан стил индивидуално кај жените. Светскиот рекорд со само 40 стотинки (0.40 секунди) го држи Самер Мекинтош од Канада.
Претходниот азиски рекорд на 200 метри мешан стил кај жените го држела Кинеската Е Шивзен од Олимписките Игри 2012 во Лондон кога исплива 2:07,57.

Ју Циди се прослави кога минатата година стана најмлад медалист во историјата на Светските првенства за водени спортови. Таа на само 12 години освои бронзен медал и сега во моментов важи за најголем фаворит за берба на златни медали на претстојните Олимписки Игри во Лос Анџелес 2028.
Со оглед на тоа што таа е уште практично дете, да застане пред стотина домашни и меѓународни репортери и камермани, самата вели, потешко и е отколку да замавнува и плива во водата.
Кога новинар на Асошијетед Франс Прес ја прашал неколку прашања по ред меѓу кои и 'Што мисли за натпреварувањето', таа искрено и детски наивно одговорила со контрапрашање: 'Како да одговорам на ова прашање? Можеш да ме подучиш? Треба да кажам како се чувствувам?“
„Не чувствувам ништо посебно. Само се држам до техничките детали кои тренерот ми ги стави во глава еднаш“.

Според правилникот на Светската пливачка федерација, минимумот години за учество на најголемите турнири е 14 години но направен е исклучок за пливачи и пливачки чии времиња се и повеќе од доволно брзи како оние на Ју Циди.
Таа веќе тргна по патот на Самер Мекинтош (20-годишна Канаѓанка која важи за најдобра пливачка на светот и која на Светското првенство 2025 освои четири злата и една бронза) и по патот на Леон Маршал (две злата + сребро во штафета + светски рекорд на 200 метри мешано).
Малата Ју Циди искрено признала и дека тешко и паѓа да држи рамнотежа меѓу школските лекции и големото бреме да се биде главен пливачки светски талент.
На прашањето 'дали кога одговара прашања на новинари и е најтежок дел', таа рекла: 'Секој пат кога правам интервју, само сакам да побегнам некаде'.