Offside

Управниот одбор на ФФМ, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини. Најавува и ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци, меѓу кои ќе се испитува и ПРО лиценцата на Игор Ангеловски.

Ливерпул конечно победи во Премиер лига после 40 дена

Големата резултатска агонија на Ливерпул која траеше 40-ина дена конечно заврши. На „Енфилд Роуд“ црвените славеа 2-0 против Астон Вила со головите на Мохамед Салах (прв гол на домашен терен после 15-ти август и мечот со Борнмут) во 45+1' минута и Рајан Гравеберх во 58' минута.

Хуан Мата уште игра и дава голови

Легендарниот шпански фудбалер има 38 години. По неверојатните настапи во Валенсија (129 меча/33 гола), Челси (82/18), Манчестер Јунајтед (196/34), Галатасарај (16/3), отиде во Јапонија, па во Австралија. По Вестерн Сиднеј Вондеререс, сега е во Мелбурн. Веќе има гол на 3 натпревари.

Нова луда асистенција на Јокиќ од кош на кош

Денвер загуби на гостувањето во Портланд во првото коло од НБА Купот со 109:107. Јокиќ промаши шут за реми со звукот на сирената. Историскиот трипл-дабл му избега за една асистенција. Но, повторно блескаше.

Лука е незапирлив, трет меч по ред со 40+

Постигна 43 поени против Голден Стејт, па 49 против Минесота. Паузираше два меча поради повреда и еве го синоќа повторно во елемент, со бројки кои го сместуваат во друштво на Чемберлен и Џордан.

Оклахома Сити Тандер има рекорд од 21 победа против Истокот

Шеј Гилџес Александер, актуелниот МВП на НБА лигата кој ја водеше Оклахома Сити Тандер до шампионска титула минатата сезона, сега го води тимот до неверојатна серија од 21 победа против тимови од Источна Коференција. Сакаат и рекордни 22.

Ова го нема ни на Сони

Некако кратко траеа спомените од триото во ПСЖ, но и кратко играа заедно. Ама некои работи ќе останат во архивите, како на пример оваа акција. Меси - Нејмар - Мбапе. Колку моќно звучи ова.

Распад систем во турскиот фудбал, суспендирани се 149 судии

Само неколку дена откако првиот човек на турскиот фудбал излезе со неверојатни бројки на тема кладење, почнаа да летаат глави.

А братот што побарал две девојки оддеднаш на фудбал?

За време на натпреварот меѓу Жуниор Баранкиља и Санта Фе во Колумбија еден навивач на домашната екипа на трибините за време на паузата решил со прстени да ги побара двете девојки. И двете рекле „да“. На крај Жуниор Баранкиља изгубил 1-2 со гол примен во 90+7-ма минута.

Упатство како се брка управа

Навивачите ширум светот често се незадоволни од работата на управите на фудбалските клубови. Криват некои директори за малверзација, за продавање играчи, за слабо вложување итн. итн. Во некои друштва протестите се преку прекини на натпревари, преку фрлање разни предмети, протести итн. Во Аргентина еве како ја бркале управата на познатиот клуб Химнасија Ла Плата.

Специјалци апсеа тенисерки на сред терен поради местење резултати

Белоруска специјална единица упаднала среде аматерски тениски натпревар во Минск на кој ги привела играчите и судиите за време на турнирот 1хБет. Специјалците им наредиле на тенисерките Хана Серхел и Марија Савитцкаја да застанат покрај ѕидот после што ги привеле. Според белоруското МВР 19 лица се приведени во опсежна истрага за местење резултати за обложувалници во голема измамничка шема.

20.000 тифози на брод

Во 1997 година, Каљари играл плејоф меч за опстанок во Серија А против Пјаченца на неутрален терен во Неапол. Преку 20.000 навивачи се скрцале на брод за да отпатуваат од островот Сардинија, патешествие за кое сега, во 2025-та, Гугл вели се потребни околу 15 часа. Каква страст за фудбал има во овие луѓе.

За неверојатната кошаркарска интелегенција на Никола Јокиќ

На еден од бројните дуели меѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс, Никола Јокиќ додека седел на клупа на тајм-аут, претпоставил што ќе одигра противникот. Направил дијагноза и во пар секунди ги поставил соиграчите. Им кажал кој што да направи. Му успеала намерата и Минесота била одбиена и принудена на шут од далечина. Најдобрите кошаркари на Тимбервулвс, Ентони Едвардс и Руди Гобер зборуваат за тоа.

Сите банани на Вембанјама само од оваа сезона

Виктор Вембанјама има 151 поен, 73 скока и 24 блокади во првите пет натпревари од сезоната. Тој е само втор пат играч кој успеал да стигне до 150 поени, 70 скока и 20 блокади во стартните пет натпревари. Првиот е Боб Мекаду пред 50 години. Последен пат со вакви бројки, на 5 меча по ред, во било кој дел од сезоната е никој друг туку легендата на Спарс, Тим Данкан.

Каков потег на Марсело на мал фудбал, се чудеа сите

„Кралската лига“ или Kings League е турнир во мал фудбал за 7 на 7. Основан е во Шпанија во 2022-ра година од некогашниот капитен на Барселона Жерар Пике. Во 2025-та година овој турнир се прошири и во Италија, Бразил, Франција и Германија а се планира и за во САД. Синоќа за тимот „Черепи“ дебитирал и легендарниот и еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња, Бразилецот Марсело. Прв меч, 1 гол и 1 асистенција за МВП награда најдобар играч.

Шпанскиот на Трент е топ

За пет месеци, Трент Александер Арнолд одлично го скоцкал шпанскиот јазик. На некои им се потребни години да научат туѓ јазик, а некои не ни учат. Ова е и дел од професионализмот на еден фудбалер. Со време почнал, за да биде спремен.

Историски пресврт во Копа Либертадорес, од 3-0 на првиот дуел до 4-0 на реваншот

Бразилски Палмеирас направи голем подвиг откако во реваншот од полуфиналето на познатата Копа Либертадорес го совладаа ЛДУ Кито од Еквадор со 4-0 и ја надоместија огромната негатива од три гола за пласман во големото финале.

Голoт на векот на Марадона се најде на монета издадена од Централна банка

Аргентина веќе не знае како да му се оддолжи на Диего Армандо Марадона (30 октомври 1960 - 25 ноември 2020).

Сан Антонио Спарс е на 5-0 за првпат во историјата

Носени од својот најдобар играч кој ја почна сезонаа во неверојатна форма, Сан Антонио Спарс синоќа ја продолжи победничката серија во НБА и славеше против Мајами Хит 107:101.

Требаше да наполни 65

Еден од најголемите генијалци со топка, според многумина број 1 во историјата на фудбалот, е роден на 30 октомври 1960. Толку е воведот. Вечно ќе се потсетуваме на него, со безброј јаки видеа.

Слободните удари на Грималдо се викаат пенали

Купишта фудбали имаше синоќа. Куп натпревари на ангро во Англија, Шпанија, Холандија, Португалија, Белгија. Имаше и во Германија, каде од еден опасен Шпанец, гратис донесен од Бенфика, им се тресат гаќите на голманите кога ќе застане да шутира од прекин.

Падна легендарно знаме на Торцида, го запалија во Винковци

Дуелот меѓу второлигашот Цибалија и Хајдук Сплит во рамки на хрватскиот Куп предизвикал огромно внимание. Полни трибини и голем број навивачи на двата тима. Во еден момент Торцида извадила помало знаме одземено од противничките навивачи а домашните Винковчани им одзеле на Торцидашите старо култно знаме „Торцида Брда“ кое набрзо и го запалиле.

Ѓоковиќ ужива на кошарка во Евролига

Новак Ѓоковиќ речиси и да нема пропуштено кошаркарски дуел од почетокот на сезоната во Евролига и најредовно до сега ги следа натпреварите на Црвена звезда и Олимпијакос, како и на Панатинаикос кога е во Атина.