Offside

Понекогаш на второлигашките натпревари во земјава се игра подобар фудбал и настапуваат поталентирани играчи дури и од оние во прва лига. Доказ за ова е и средбата меѓу Слога Виница и Победа Прилеп која заврши 4-2 а на која Стефан Насковски од гостинската екипа постигна велелепен погодок!

Како Канаѓани играат тенис?

Ова е толку интересно што доколку некогаш стане олимписки признат спорт, би имал голема публика.

Феноменален потег на Рони О'Саливен кој испадна од Кинез

Легендарниот Рони О'Саливен испадна рано во осминафинале на Светското Гран При во снукер откако подобар од него беше Кинезот Сијао Годун. Од турнирот испаднал уште еден голем фаворит, Бари Хокинс кој бил елиминиран од Чан Анда од Кина.

Како ги памти поздравите со сите?

Еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата, Леброн Џејмс во 23 сезони во лигата имаше неколку рутини а една попозната му беа различните поздрави со секој соиграч посебно во сите екипи каде што играше. Некои навивачи во шега велат дека тој „знае околу 100.000 поздрави напамет“.

Прв инцидент на ЗОИ, норвешки скијач со хеликоптер го однесоа во болница

Фредрик Мелер доживеа тешка повреда при пад во спуст, на првиот тренинг во пресрет на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои официјално стартуваат во петок.

Почнуваат Зимски Олимписки Игри 2026

Натпреварите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина започнаа пред официјалното отворање закажано за петок вечер во Милано. ЗОИ стартуваше со мешани двојки во карлинг, а допрва следуваат врвни средби во хокеј на мраз, лизгање, скијање и сноуборд, дисциплини кои ќе бидат во фокусот на Зимските Олимпски Игри.

Врвен трик шут во ракомет, еден од најјаките во историја

Мангупот е Уве Генсхајмер, кој кариерата ја мина во Рајн Некар и ПСЖ и кој пред една година се повлече од ракометот. Настапот е Ол стар во Бундеслигата, одржан пред точно 14 години. Ова е дечки генијално.

Историски трипл-дабл на Никола Јокиќ, Денвер поразен од Брансон и Никс

Српскиот репрезентативец заигра во одлична форма после долгата пауза поради повреда па после првиот дабл-дабл учинок по враќањето, синоќа забележа и трипл-дабл. Денвер Нагетс изгуби после дури две продолженија 134-127 во супер интересен дуел против Њујорк Никс на гости во „Медисон Сквер Гарден“.

Пакета на деби во Бразил доби жолт картон во 4' минута

Бразилскиот трофеен клуб Фламенго му плати на Вест Хем 42 милиони евра и тоа е најскапиот влезен трансфер во историјата на бразилскиот фудбал. Пакета на 28 години се враќа дома во татковината по настапите за Милан, Лион и Вест Хем во Европа. Имаше секаде сјајни настапи но пред крајот на престојот во Лондон го обвинија дека наводно намерно правел жолти картони а негови пријатели и роднини во Бразил се кладеле на тоа. На крајот судот не најде никакви докази, го ослободи од секаква вина. Пакета дебитираше за Фламенго и доби жолт картон во 4' минута против Интернасионал.

Фино се посмеавме, отидов уште една банана да залепам

Португалецот Немијас Кета од Бостон е печен за најсмешни видео инсерти во НБА, ама во друшто на Дикембе Мутомбо. Пазете што направи царот. Блокада, па смеење со публика, па уште една блокада.

Брат за брат, асистенција за гол

Валенсија имаше активен резултат во четвртфиналето на шпанскиот Кралски Куп против Атлетик Билбао се до последните секунди од мечот кога Ињаки Вилијамс на асистенција на 6 години помладиот брат Нико Вилијамс постигна гол за 1-2 и победа. Столе Димитриевски одбрани пенал во 75' минута но на крајот Валенсија испадна од Купот.

Голчиште на Ендрик, топ му оди во Лион

Лион го совлада Лавал и обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Франција. Отпорот на второлигашот го скрши Ендрик во 80-та, кој го пробуши голот со силен удар. 19 годишниот Бразилец е во фантастична голгетерска серија откако Реал го испрати на позајмица. Од дебито на 11 јануари има постигна 3 гола во првенство и 2 во Куп.

Фантастично одбранет пенал на Столе Димитриевски

Голманот на Македонија одново покажа зошто заслужува поголема минутажа во Валенсија. Фати пенал во четвртфиналето од Купот на Шпанија против Атлетик Билбао и тоа во 75 минута при резултат 1:1. Но, сепак Валенсија не издржа до крај и прими гол во 96-та минута. Во полуфинале ги однесе Ињаки Вилијамс.

Одличен гол на Бојан Миовски, висок триумф на Ренџерс

Се вжешти трката за титулата во шкотскиот фудбалски шампионат. Хартс загуби, Миовски погоди, Глазгов Ренџерс победи.

Каков е овој чуден начин на шутирање?

Во колеџ лигата во САД, забележано е едно необично шутирање на тројка. Прецизно, но атипично.

Ретко видео од Работнички во 1979-та

Славниот најтрофеен македонски кошаркарски колектив КК Работнички со 15 шампионски титули сè уште е прв на вечната табела на прваци во земјава. Црвено-белите веќе неколку години се далеку од борбата за шампионскиот трон а навивачите се надеваат дека брзо ќе се врати славното време на големи успеси. Како во таа 1979-та кога ги водеше Лазо Лечиќ.

Најатрактивните голови и одбрани на ЕП 2026

ЕХФ го одбра најдоброто од тазе завршениот ракометен празник во Данска, Шведска и Норвешка. Направи топ 10 листа на голови и одбрани. Празник за очи се видеата.

Интересна кореографија против Ливерпул

За време на дуел од младинската лига на УЕФА во кој Жилина У-19 со 2-1 го победи Ливерпул У-19, домашните навивачи кренале интересна кореографија. „Денес одиш сам“ стои на паролата како алузија на ливерпуловото You'll Never Walk Alone и како индијанецот како што се викаат навивачите на словачкиот клуб ги протерува членовите на „Битлси“ кои се од Ливерпул.

Како Чупиќ се вратил во Вардар и зошто Столе не е во стручен штаб?

Иван Чупиќ како гостин во Пресинг објаснува како брзо и изненадно добил понуда за кам бек во Вардар, овој пат како тренер. Одма прифатил. Со Столе Стоилов е во контакт, но не го одбрал, бидејќи сакал комплетно нов стручен штаб, кој ќе работи исклучиво во Вардар.

Што е тоа Скимо? Новиот спорт на Олимпијадата во Италија

Карлингот се врати како спорт за медали после 74 годишна пауза. На игрите пак во Нагано 1998 дебитираше сноубордингот. Слоупстајл и хафпајп фрискинг беа додадени во програмата во Сочи 2014 година. На Зимските Олимписки игри во Милано Кортина (6-22 февруари) ќе има нов спорт кој се вика скимо.

Мато за драматичниот трансфер: „Снемав интернет, па немав како да му кажам на Вардар“

Одличниот 22-годишен крилниот напаѓач од Уганда, Рожерс Мато прво му донесе есенска титула на ФК Вардар со врвни игри, 12 гола на 13 натпревари и бројни асистенции па неминовно беше да замине во поголем клуб. Неговиот договор го откупи изненадниот лидер во шкотски Премиершип, Хартс.

Голот во 90+7' минута кој го однесе Арсенал во финале

Арсенал уште е активен на сите четири фронта. Синоќа обезбеди големо финале на Лига Купот откако на реваншот од двомечот со Челси го совлада големиот ривал со 1-0. На првиот меч „топџиите“ славеа 2:3 на „Стемфорд Бриџ“. Синоќа немаше голови сè до седмата минута од судиското продолжение (90+7') кога Кај Хаверц, германскиот репрезентативец го реши победникот со гол од контра.

Страшна левица на Асенсио

Фенербахче го совлада Кочалиспор, каде игра Чурлинов, со 0:2. Машала, Марко Асенсио го има можеби голот на месецот во Турција.

Барселона спречи сензација и не баш лесно го совлада Албасете

Фудбалерите на Барселона избегнаа голем срам каков што претрпе Реал Мадрид и го совладаа второлигашот Албасете на гости 1-2 во четвртфиналето на шпанскиот Кралски Куп.

Ѕвезда на Детроит го удри Јокиќ во незгодно место, но не доби казна

Детроит Пистонс го совлада Денвер Нагетс 124-121 а најефикасниот кошаркар кај победникот Кејд Канингем постигна 29 поени и имаше 10 асистенции и два скока. Кај поразениот Денвер Нагетс Џамал Мареј уфрли 32 поени со 8 асистенции а Никола Јокиќ запиша дабл-дабл со 24 поени и 15 скока и 4 асистенции. Канингем во еден момент го удри Јокиќ на болно место но судиите не видоа неспортски фаул.