Манчестер Јунајтед првпат после 50 години губи дома по водство од 2:0
Во 3. рунда од англискиот Лига Куп, тренерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Карик реши да одмори некои од првотимците па ги остави на клупа за резерви на дуелот со Брајтон. И Манчестер добро тргна и после 10 минути водеше 2-0 со головите на Ши Лејси и Мејсон Маунт. Но гостите прво намалија на 2-1 до полувремето а во втор дел направија пресврт и славеа 2:3.
Навивачите на Јунајтед ги исвиркаа играчите после средбата. Ова е прв пораз дома на „Олд Трафорд“ за Манчестер Јунајтед откако водел 2:0 после повеќе од 50 години во сите натпреварувања!