Реал Мадрид излезе со маици за поддршка на Сеута, Винисиус и Мбапе ги сокрија

Реал Мадрид одигра уште еден супер интересен дуел. Со скромниот Елче водеше 0-2 на гости па домаќинот израмни на 2-2, а новајлијата Карлос Еспи одново беше џокер на Мурињо па од клупата за резерви во 90+1' минута постигна гол за важна победа 2-3. Пред натпреварот двата тима, како и сите шпански прволигаши ова коло носеа маици со слогани за поддршка на крајбрежниот град Сеута каде со месеци има огромен наплив на нелегални мигранти од Мароко. Мбапе, Винисиус и Ибраима Конате ги подвикале маиците и ја сокриле пораката за поддршка на Сеута.

Сеута е автономен град под шпанска управа и е практично енклава. Овој град е прво копно по морската граница со северна Африка и често е мета на илјадници нелегални имигранти. Во последниве пар месеци во Сеута владее права мигрантска криза а локалните мештани се жалат дека животот им е отежнат и дека има голема стапка на криминал, напаствија врз девојчиња и провалувања.

Шпанска Ла Лига одлучила сите екипи пред своите натпревари да излезат со маици со натпис Todos somos Cabellas, односно Сите сме Кабељас, колоквијално име за жителите на Сеута кои трпат големи последици од нелегалниот мигрантски јуриш.

Мбапе, Винисиус и Ибраим Конате ги подвиткале маиците во знак на некаков протест:

Во понеделникот вакви маици се носеле и на натпреварот Виљареал - Бетис а маица облекол и мароканскиот фудбалер Абдесамад Езазлули па сега бил на удар на јавноста во Мароко а поддржан од навивачите во Шпанија.

Тој се огласил на друштвените мрежи и рекол дека „сочувствува со сите жители на Сеута без разлика на нивната национална припадност и дека ова била порака за солидарност а не политичка порака“.

 

16 септември 2026 - 09:24