Великанот кој важи за најдобар фудбалер на сите времиња според мислењето на многумина, го добил последниот повик од селекторот Лионел Скалони да заигра за репрезентација. На 6-ти октомври Аргентина ќе игра пријателска против Бенин кога Лео Меси ќе треба да се прости официјално пред својот народ од репрезентативниот дрес.
Последниот танц е тука. Лионел Меси реши да стави крај на неверојатниот пат со репрезентацијата на Аргентина со која освои се што можеше да се освои: олимписко злато, две титули на Копа Америка и Светско првенство 2022.
Аргентинската фудбалска федерација одлучила да ја направи оваа бајка посебна, па му пратиле повик уште еднаш да заигра за репрезентацијата за време на претстојната репрезентативна пауза кога ќе играат сите национални тимови.
На 6-ти октомври очите на светската јавност ќе бидат вперени кон Буенос Аирес, на култниот и легендарен стадион „Монументал“ на Ривер Плејт каде Меси ќе добие овации од сигурно преку 100.000 гледачи.
Аргентина после овој пријателски натпревар против Бенин, ќе игра уште две пријателски средби, против Боливија и Буркина Фасо.