Што убаво да ти падне Арсенал

Седмопласираниот клуб од четврта англиска лига Флитвуд Таун на синоќешната ждрепка за 4. коло во Лига Куп го извлекоа шампионот Арсенал. На драматичното извлекување сите со нетрпение чекаа да видат кој ќе им падне.

Со „топџиите“ ќе играат на 26-ти октомври и тоа на домашен терен. Флитвуд направи големо изненадување откако го елиминираше Шефилд Јунајтед од Лига Купот Карабао Куп. 

Останати парови за 4. коло во Карабао Куп: 

Манчестер Сити - Норич/Брајтон
Евертон - Њукасл
Сандерленд - Брентфорд
Ливерпул - Челси
Бредфорд - Питрброу
Фулам - Кристал Палас
Борнмут - Астон Вила

17 септември 2026 - 12:36