Лионел Меси со редок гол со глава му донесе нов пехар на Интер Мајами

Додека главна вест вчера беше неговиот проштален натпревар за репрезентацијата на Аргентина која на 6-ти октомври ќе игра пријателска средба против Бенин, Лионел Меси ја продолжи голгетерската серија за Интер Мајами. Аргентинецот постигна убав гол со глава во триумфот 2-0 против мексикански Круз Азул во дуелот од Купот на шампиони во Северна Америка.

Овој натпревар наречен Кампеонес Куп е востановен во 2018-та година и во него играат шампионот на МЛС лигата против освојувачот на титулата во Лига Мексико.

Покрај Меси гол постигна и Бразилецот Каземиро кој исто со глава постигна гол кој му беше четврти на петти натпревар по ред. На Лионел му асистираше Луис Суарез а на Каземиро Меси. Ова е 46. трофеј во професионалната кариера на Меси што го забетонира на првото место на листата најтрофејни фудбалери на светот.

 

17 септември 2026 - 09:06