Убава фудбалска приказна од Крит: ОФИ од банкрот до историска победа во Лига Европа

Грчкиот ОФИ од островот Крит кој во 2015-та година го изгуби професионалниот статус поради долгови и банкрот, го совлада германскиот бундеслигаш Хофенхајм со 2-0 во 1. коло од Лига Европа и тоа беше најголемо изненадување на вечерта.

Во четвртокот вечер на стадионот „Панкритио“ во Ираклион ОФИ Крит забележа прва историска победа во Лига Европа.

Домаќините славеа 2:0 против Хофенхајм со головите на Аитор Канталапиедра во 30-та минута и Јоргос Канелопулос во 84-та минута.

Гостите од Германија се обидоа во вториот дел да се вратат, но одбраната која што за 8 кола во грчката Суперлига прими само 1 гол во новата сезона, повторно беше непробојна.

КАКО ОФИ СТИГНА ДО ЛИГА ЕВРОПА?

Во март 2015-та година клубот кој до тогаш играл 47 сезони по ред во професионален фудбал, бил исфрлен од грчката Суперлига поради многумилионски долгови (околу 12 милиони евра). За една сезона грчкаата лига го казнила -29 бода вклучувајќи и -10 бода во јануари за долгови за плати на поранешни и актуелни играчи.

Тогашниот тренер на ОФИ, познатиот Џенаро Гатузо кој сега го води Лацио, платил сам од свој џеп 30.000 евра за фудбалерите кои не земале плата цела година, а во јануари дал оставка.

Клубот автоматски го изгубил професионалниот статус и бил исфрлен во аматерската лига Гама Етники, трета лига во грчката фудбалска хиерархија. Отука им започнало кревањето:

Во 2015/2016 ОФИ ја освоил лигата Гама Етники и влегол во втора лига, а во 2017/2018 ја освоил титулата и во втора лига па се вратил во Суперлига.

Токму во тие години, во втора се случила и една неубава епизода. Во ноември 2017-та ОФИ го совладал Егиниакос со 6:0 а во март 2019-та година етичкиот комитет на Фудбалската федерација на Грција го прогласил тој натпревар за договорен односно наместен. На клубот му се заканувало исфрлање во понизок ранг, одземање бодови и парични казни, а на двајцата претседатели на двата клуба исто парични казни и доживотна суспензија. Обата клуба веднаш се жалеле.

Врз основа на достапните информации не може да се утврди точнот исход на постапката, но на крај ОФИ избегнал исфрлање од лига и продолжил да се натпреварува во Суперлигата со најсилните клубови.

Од 2018-та година клубот ОФИ Крит е во сопственост на грчко-американскиот бизмиснем Михаил Бузис и под негово водство го достигна ова сегашно ниво.

Минатата сезона 2025/2026 била најдобра во повеќе од едновековната клупска историја. После само пар месеци откако прославил јубилеен 100-ти роденден, ОФИ освои и голем пехар. Во Купот на Грција прво го минале Астерас Триполис, на гости го совладале АЕК Атина 0:1 со гол на Салседо во последните минути а во полуфинале го победиле Левадиакос во двомечот.

Во големото финале на стадионот „Панфесалико“ во Волос ОФИ Крит го победил ПАОК. По 2:2 во основното време, во продолженијата ОФИ добил пенал кој го реализирал нововлезениот Арон Леја-Исек за 3:2 и големо славје.

За ОФИ кој го освоил Купот на Грција ова бил втор пехар во ова натпреварување. Првиот го освоиле во 1987-ма година и следните 39 години ги минале без ниту еден трофеј.

Ова било воедно и прв пехар после 2007-ма кој го освоила екипа која не е од Атина или Солун.

А една година претходно ОФИ Крит со Милан Раставац на клупата исто стигнал до финале на Купот, прво во 35 години но изгубиле од Олимпијакос. После Раставац на клупата седнал нов тренер Христос Контис и веднаш во дебитантската сезона го однел ОФИ до пехар во Купот.

Овој триумф му дал шанса на клубот од прекрасниот остров да игра во квалификации за Лига Европа. Таму ја совладаа убедливо софиска ЦСКА со 3:0 па со 2:0 и првпат после сезоната 1993/1994 го поминале првото квалификациско коло.

Тогаш во 1993/1994 стигнале до 1/8 финале на Куп на УЕФА а го елиминирале и Атлетико Мадрид но подоцна испаднале од Боавишта. Сега ја забележаа првата европска победа после долги години.

18 септември 2026 - 10:40