Весли Снајдер продава на аукција: Сребрена топка, трофеи и бронзен медал од Светско првенство

Некогашната ѕвезда на холандскиот фудбал кој блескаше во Интер, Реал Мадрид и репрезентацијата на Холандија, решил да стави на аукција голем број од вредните предмети од неговата кариера.

Сребрената топка која што Весли Снајдер ја доби за втор најдобар играч на Мундијалот 2014, годинава достигнала цена од 19.000 евра. Продава и други вредни предмети.

На пример, бронзениот медал од Светското првенство 2014 кога Холандија изгуби болно во продолженија во финалето со Шпанија (гол на Иниеста) бил продаден за 6.500 евра.

Снајдер најавил дека преку онлајн платформата MatchWornShirt на аукција ќе продава разни маици, сувенири и медали. „Искрено, спомените се тука“, рекол Снајдер додека ја ставал раката на срце.

„Овие предмети се поврзани со натпреварите и моментите кои ми беа мошне посебни. Прекрасно е што сега можам да ги поделам овие спомени со фудбалските навивачи и колекционерите. Ако можам да израдувам други луѓе со нив, повеќе од добродојдени се да ги имаат“, рекол Снајдер.

Фудбалерот кој забележа дури 134 настапи за репрезентацијата на Холандија и освои Лига на шампиони и тројна круна со Интер, а играше и финале на Светско првенство 2010-та година каде беше прогласен за втор најдобар играч веднаш после Диего Форлан, доби „Сребрена топка“.

Таа топка подоцна на аукција била продадена за 19.000 евра.

Интересно, топката која е користена на натпреварот со Бразил на кој Холандија славеше 2:1 достигнала сума од преку 6.100 евра. Весли Снајдер на тој натпревар постигна гол со глава и го прослави на препознатлив начин - со ставање рака на глава:

Снајдер го продал и бронзаниот медал од Светското 2014-та за 6.500 евра. Холандија тогаш стигна до полуфинале но беше елиминирана од Аргентина на пенали. На аукција се ставени и прдмети како на пример дресот на Кристијано Роналдо кој го носел додека играл за Реал Мадрид (на мечот против Галатасарај кога Снајдер играше за турскиот тим) во Лига на шампиони. Како и медал од освоениот Куп на Италија во 2011-та година.

18 септември 2026 - 12:53